Како да ги истакнете контурите на лицето со шминка како професионалец?

Откако Ким Кардашијан го актуелизираше контурирањето на лицето со неколку различни нијанси на пудра, бронзер и коректори, девојките станаа опседнати со овој трик за беспрекорна убавина.

kako-da-gi-istaknete-konturite-na-liceto-so-sminka-kako-profesionalec-1.jpg

Што точно значи контурирањето на лицето?

Нагласување и истакнување на своите јаболкници, а воедно и стенчување на носот и лицето. Смислата на контурирањето е да добиете совршено пропорционално лице и да ги истакнете и дефинирате вашите црти.


Совети за контурирање на лицето:

1. Пред да започнете, мора да знаете каков облик на лице имате. Вашето лице може да биде во облик на срце, дијамант, долгнавесто, овално, правоаголно, крушовидно или округло.

2. Користете само квалитетни производи. Потребна ви е светла течна пудра, блед коректор и многу потемна пудра од основната. Ако одберете кремасти пудри користете ги прстите, а ако тие се течни задолжително користете четка.

3. Започнете со основната течна пудра, а потоа со темната пудра покријте ги деловите од лицето кои сакате да ги прикриете. Тука обично спаѓа зоната под јаболкниците, преку капакот на окото, од двете страни на носот и малку на вратот за да го сокриете подбрадокот.

4. Преминете на коректорот кој треба да го нанесете на средниот дел од лицето, на средината на носот, над устата, средината на брадата, под очите и под веѓите.

5. Кога ќе го завршите обликувањето и исцртувањето, користете руменило за да им дадете на образите поприроден изглед.

Ако ви е потребна сликовита помош, овие фотографии ќе ви помогнат:

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава