4 машки фризури кои ќе се носат во 2015-та

Наместо кратко ишишана коса, идната година помеѓу мажите изгледа главен тренд ќе биде косата со средна должина, лежерно пуштена или малку разбушавена.

4-maski-frizuri-koi-ke-se-nosat-vo-2015-ta-01.jpg

Погледнете што ни носи идната година, кога се работи за машките фризури и трендови:

Непослушна фризура

Клучот на идната сезона лежи во експериментирањето со текстурата на косата, сè додека не создадете непослушна и опуштена фризура. Пред се косата треба да е измиена за да ја обликувате лесно.

4-maski-frizuri-koi-ke-se-nosat-vo-2015-ta-1.jpg


Градски каубој

Ако лежерната и бушава коса не ви лежи, одлучете се за залижана варијанта во стилот на градски каубој. Кај оваа фризура важно е да бидете добро ишишани, затоа што секој недостаток лесно ќе се забележи.

4-maski-frizuri-koi-ke-se-nosat-vo-2015-ta-2.jpg


Долга коса

Не се работи за бајкерски стил или предолга коса, туку за здрава и негувана коса до рамениците. Овој тренд го најавуваат голем број на стилисти и модни икони.

4-maski-frizuri-koi-ke-se-nosat-vo-2015-ta-3.jpg


Коса во репче

Затоа што очигледно започнува ера на долгокосите мажи, потполно е природно да ја соберете во репче. Ако косата е здрава и во добра состојба, овој тренд може да му прилега на секој маж.

4-maski-frizuri-koi-ke-se-nosat-vo-2015-ta-4.jpg

Во комбинација со спортска брада ќе постигнете интересен и софистициран контраст. Затоа, не се плашете да експериментирате!

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава