Неочекувани причини заради кои акните постојано се враќаат

Ако веќе извесен период се борите со акни и мозолчиња кои излегуваат на истото место повеќе пати, веројатно правите некоја од овие грешки:

neocekuvani-pricini-zaradi-koi-aknite-postojano-se-vrakaat-01.jpg

1. Огледалце, огледалце

Дерматолозите советуваат да не го проучувате детално секој дел од лицето. Долготрајното гледање во огледало доведува до „откривање“ нови недостатоци кои ќе се обидете да ги отстраните. На овој начин ги зачестувате воспаленијата и инфекциите заради кои мозолчињата се враќаат многу брзо.


2. Шалови, очила, мобилни

Ви се појавуваат акни само на едно место од лицето? Размислете за работите кои ги допирате до тој дел.


3. Претерано користење на пилинг

Спротивно од мислењето, пилинзите може да ви наштетат ако пречесто ги користите. Заради честото отстранување на мртвите клетки, кожата станува подложна на иритации и оштетувања. Два пати неделно чистење со пилинг е сосема доволно.


4. Наутро се миете само со вода

Поголем дел од луѓето наутро се мијат само со вода, без да размислат дека сите нечистотии кои се собрале во текот на ноќта треба да се исчистат со лосион.


5. Брза храна

Не е некое изненадување, но многумина го игнорираат фактот дека масната храна посебно и штети на кожата. Затоа ако сакате убав тен, хамбургерите и помфритот заменете ги со овошје и зеленчук.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава