9 причини зошто е добро да имате мали гради: Годините не им можат ништо!

Сите оние девојки кои им одолеаја на пластичните операции и кои го сочуваа природниот изглед на градите, ја знаат предноста  на малите гради.

devet-pricini-zosto-e-dobro-da-imate-mali-gradi-godinite-ne-im-mozat-nisto-01

За оние кои сè уште љубоморно гледаат во бујното деколте на Кејт Аптон, ова е мал потсетник за тоа кои се предностите на она што го имаат:

1. Повеќе ќе уживате во креветот

Големите гради се 24 отсто помалку чувствителни на допир од малите гради. Причина за тоа е бидејќи малите гради имаат помалку масно ткиво, па лесно се стимулираат за време на предиграта.


2. Со нив ќе изгледате помладо

Во тинејџерските години можеби малите гради ви биле најголем проблем, но подоцна треба да сте им благодарни што не ви свиснуваат како што стареете, туку остануваат цврсти и подигнати поради што изгледате помладо и повитко.


3. Свиснати гради

Градниците го забрзуваат опуштањето на градите  бидејќи го оневозможува растењето на мускулното ткиво. За разлика од нив вие слободно може да излезете и без градник.


4. Можете сè
да облечете

Не сте ни свесни колку е тешко да ги задржите големите гради во тесното деколте на омилениот фустан или во тесна кошула со копчиња. Иако може да изгледа привлечно, истовремено може да се најдете и во многу непријатна ситуација.

devet-pricini-zosto-e-dobro-da-imate-mali-gradi-godinite-ne-im-mozat-nisto-1.jpg

5. Привлекувате побогати мажи

Според некои истражувања откриено е дека малите гради привлекуваат финансиски независни мажи. Ова се објаснува со фактот дека поголемите гради претставуваат и повеќе сало, што значи и подебели девојки, кои не им се допаѓаат многу на богатите момци. Тие секогаш попрво би избрале слаба девојка.


6. Привлекувате позрели мажи

Се смета дека оние мажи кои сè уште „паѓаат“ на големите гради не се доволно созреани, слаби се и разгалени. Никому не му требаат такви мажи.


7. Имате подобро држење

Кај малите гради тежината е поинаку распоредена на телото, па тие девојки не мора да се грижат за хроничните болки во грбот на повозрасни години. Исто така и физичкиот став им е постабилен.


8. Може да купите каков сакате градник

Секогаш малите градници имаат поубави дизајни од кои може да одберете каков сакате и има поголем избор во однос на формата, зависно од ефектот кој сакате да го постигнете.


9. Во добро друштво сте

Ако е нешто за утеха, тогаш сигурно тоа се светски познатите топ модели и холивудски ѕвезди кои имаат мали гради и гордо ги носат. Тука се: Камерон Дијаз, Кејт Мос, Мила Кунис, Оливија Вајлд и многу други.

devet-pricini-zosto-e-dobro-da-imate-mali-gradi-godinite-ne-im-mozat-nisto-2.gif

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...

Најчитани неделава