Евтина домашна маска од која косата расте, се зајакнува и добива сјај

Постојат состојки кои се вистински благодет за косата, па дури и ако мислите дека во неа нема живот.

evtina-domasna-maska-od-koja-kosata-raste-se-zajaknuva-i-dobiva-sjaj-01.jpg

Една од тие состојки е бананата која содржи многу витамини и природни масла, па во комбинација со уште неколку додатоци може да ја зацврсти косата, да и даде сјај и да ја направи помека.

Покрај тоа, помага и кај расцветаните краеви.

Домашната маска ќе ја подготвите така што во еден сад ќе испасирате банана и ќе ја измешате со жолчка од јајце.

Додадете малку мед и ½  шолја темно пиво.

Пивото содржи хмељ, квасец и Б витамини кои делуваат позитивно на влакното на косата.

Кога ќе ги споите сите состојки, добиената маска нанесете ја на косата, замотајте ја во пешкир и чувајте ја така околу 1 час. Потоа измијте ја 2 пати со шампон.

Постапката може да ја повторувате еднаш неделно, а ако забележите дека имате проблем со измивањето на маската, можете да го исклучите медот.

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава