10 необични употреби на балсамот за усни

Во текот на зимата балсамот за усни е неизоставен дел од секојдневната нега. Но, не се употребува само за усните, туку има и многу повеќе намени.

10-neobicni-upotrebi-na-balsamot-za-usni-01

Ова се 10 начини на кои може да го искористите балсамот:

1. Пред спиење измасирајте ги заноктиците со малку балсам. Кога ќе се разбудите ќе ви бидат помеки.

2. Ставете малку балсам на стапче за уши за полесно да ја исчистите шминката на аглите од очите.

3. Ако сте ја заборавиле кремата за раце нанесете малку балсам на сувите делови, помеѓу палецот и показалецот. Протријте ги рацете за побрзо да ви се впие.

4. Залечете ги испуканите прсти. Кога ќе ставате балсам на усните земете подебел слој за да ви се хидрираат и прстите.

5. Во текот на денот намачкајте малку балсам и на образите. Така ќе го освежите изгледот.

6. Ставете малку балсам околу очите да ја хидрирате кожата и да ги намалите борите.

7. Балсамот може да го користите и како гел за да го формирате правецот на веѓите.

8. Помешајте малку балсам и сенка за очи. Окото ќе ви блесне и ќе изгледате посвежо.

9. Смирете ја наелектризираната коса така што ќе нанесете малку балсам на краевите.

10. Кога сте настинати, намачкајте малку балсам на носот откако ќе се избришете со марамче. Ќе го спречите црвенилото и иритацијата околу ноздрите.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава