8 трикови за беспрекорно нанесување на тушот за очи

Девојките кои често користат туш за очи, сигурно ја имаат испраксирано оваа техника, но со тек на време може да им досади.

8-trikovi-za-besprekorno-nanesuvanje-na-tusot-za-oci-01.jpg

Благодарение на овие фантастични креативни трикови нанесувањето туш за очи добива нова димензија.

1. Користете загреано моливче за очи

Наместо туш искористете го моливчето, но прво загрејте го со запалка. Откако текстурата на моливчето ќе омекне, пробајте го на раката, па потоа нанесете го на очите.

2. Комбинирајте моливче и туш за очи

Ако имате проблем да исцртате совршена линија, најдобро е шминкањето да го почнете така што ќе направите линија со моливче, а потоа ќе ја повторите со туш. Така ќе се ослободите од можните грешки и замачкувања.

3. Направете права линија со помош на картичка

За совршена мачкеста линија секогаш може да користите тврда картичка. Овој едноставен трик дополнително ќе ви ги издолжи очите.

8-trikovi-za-besprekorno-nanesuvanje-na-tusot-za-oci-02.jpg

4. Користете туш или моливче во боја на кожата за да ги поправите грешките

Еден од најдобрите трикови е грешките да ги исправите со моливче во природна боја. Доволно е само да нанесете малку врз точката или линијата која ви избегала, наместо со часови да ги бришете и цртате очите.

5. Нанесете туш на надворешниот агол

Ако сакате да се нашминкате како професионален, тушот никогаш не го ставајте во внатрешноста на окото. Наместо тоа, секогаш задржете се до надворешниот дел од окото кое може да го исцртате на повеќе начини.

6. Користете сенка за очи за повпечатлив изглед

Ако сакате впечатлив изглед користете сенка за очи, а не моливчиња. Најдобро е да користите туш и сенка во иста нијанса ако сакате да направите зачадени очи во комбинација со една тенка линија туш која ги закосува очите.

7. Додајте боја

Нанесете туш во боја или со тенка четка и сенка нежно поминете го работ на окото. Под сенката секогаш е добро да нанесете слој туш, за полесно да се фиксира.

8. Истакнете ги очите со бел туш

Ако сакате да постигнете малку поприроден изглед, најдобро би било наместо класичниот туш да ставите малку бело моливче или туш, затоа што така ќе воспоставите совршен баланс.

8-trikovi-za-besprekorno-nanesuvanje-na-tusot-za-oci-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава