Зошто косата и кожата се безживотни во зима?

Со години се прашувате зошто од октомври до март косата ви е безживотна и сува, кожата бледа и испукана, а ноктите полесно кршливи?

zosto-kosata-i-kozata-se-bezzivotni-vo-zima-01.jpg

Експертите за убавина тврдат дека греењето е она што најмногу ни штети во зима. Изгледа радијаторите не ни се толку добри пријатели како што мислевме.

Испукани усни

Греењето на кожата ја прави сува, па истото се случува и со усните. Ако редовно не ги хидрирате, брзо ќе испукаат. Кога еднаш ќе се оштетат, никако не смеете да ги триете со пилинзи или четка за заби, туку само да ги негувате со гроздова маст.

По бањањето доволно е само да ги пребришете со мокар пешкир, додека се влажни, за да го отстраните слојот од мртва кожа.


Смрзнатини на рацете

Се јавуваат во облик на мали отоци кои чешаат. Крвните садови често пати не можат да се  вклопат со повисокиот крвен притисок, заради што доаѓа до оваа појава.

Како превентива, никогаш не ги грејте рацете на радијатор, колку и да ви се чини пријатно.

Кожата на рацете е значително потенка, па затоа најдобро решение е да ги мачкате рацете со креми кои содржат и до 40% глицерин, а да ги избегнувате сите хемикалии за чистење на домот ако не сакате да ја зголемите маката.


Брчки на лицето

Климата која создава висока температура, а ниска влажност на воздухот не е добра за вашата кожа. Колку е повисока температурата во просторијата, толку посува ќе биде вашето лице.

Токму од таа причина во зима треба многу почесто да користите хидратантна крема навечер, пред спиење.

zosto-kosata-i-kozata-se-bezzivotni-vo-zima-02.jpg

Ве чешаат очите

Речиси 20% од луѓето патат од суви очи во зима. Ова е посебно незгоден проблем за луѓето кои носат леќи.

Користете капки за очи за да ги навлажните и да го намалите чувството на пецкање и чешање.

Стручњаците советуваат дека луѓето со овој проблем би требало во домот да имаат освежувач на просторот кој ќе ја олеснат ситуацијата барем додека се дома.


Безживотна коса

Косата лесно впива влага, но и лесно ја испушта, зависно од просторијата во која се наоѓа. Затоа за вашата коса престојувањето во пустина или загреана просторија е подеднакво штетно.

Косата мора да ја негувате редовно. Речиси е невозможно да и ја вратите влажноста, но можете да ја заштитите со природни масла. Тој слој од природно масло ќе ја спречи да ја изгуби влажноста.


Кршливи нокти

Сувиот и топол воздух негативно влијае и на вашите нокти. Кожата околу нив полесно се суши и лупи, па заради тоа би требало да користите масла и креми со кои ќе ја нахраните.


Кожа која се лупи

Како што лицето ја губи влажноста, така и телото. Колку пати до сега сте забележале дека кожата ви се перута и лупи на необични и претежно заштитени места?

Токму од таа причина важно е да користите млеко за тело по секое туширање.

Најголема грешка која луѓето ја прават е користење на кремата за лице како млеко за тело. Освен што многу брзо ќе ја потрошите, нема да постигнете добар ефект. Секогаш подобро е да набавите млеко или путер за тело со природни масла и витамини.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава