Совети за усните да не бидат суви и испукани

Освен сувата кожа и коса, голем зимски проблем се и испуканите усни. Но, овој проблем лесно се решава ако ги следите овие совети.

soveti-za-usnite-da-ne-bidat-suvi-i-ispukani-01.jpg

За почеток, не ја лижете устата затоа што така повеќе се суши, посебно ако сте надвор на студено и ветровито време.

Добар метод за хидрирање е да земете една кесичка зелен чај, да го ставите во врела вода, па така мокра да ја ставите на усните.

Превентивно, неколку пати во текот на месецот нанесувајте масло или путер од кокос.

Ако проблемот е веќе настанат, паметно е да ги мачкате усните со мед неколку пати во денот.

Се препорачува и цветна маска, односно листови од роза натопени во млеко кои треба да ги залепите на усните.

Намалете ја употребата на кармини кои ги затвораат порите и ја сушат кожата.

Ако баш морате да ги користите, претходно нанесете подебел слој балсам.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава