10 бабини совети за убавина кои ќе ви заштедат многу пари

Ако многу пати до сега ви се случило да купите некој производ за нега заради примамливиот дизајн, за потоа да откриете дека не е делотворен, можеби сега е вистинското време да испробате некој од старинските совети на вашите баби.

10-babini-soveti-za-ubavina-koi-ke-vi-zastedat-mnogu-pari-01.jpg

1. Краставица

Веројатно додека гледате некој постар филм ќе забележите дека дамите пред спиење држат крукчиња краставица на очите. Таа ја хидрира кожата и го намалува отокот околу очите.


2. Масла

Користењето масла за нега на кожата и косата било многу популарно додека не се појавиле хемикалиите спакувани во пластични туби. Ако нанесете маслиново масло по миењето на косата, почекате 15 минути, па измиете со вода во која сте додале сок од лимон, вашата коса ќе добие прекрасен сјај.


3. Сок од лимон

Ако на рацете ви останаа флеки од друго овошје, лимоновиот сок ќе ви помогне да ги отстраните. Лимонската киселина ги разградува сите билни сокови и има пријатен мирис. Ако го помешате лимонот со малку вода, ќе биде одлично средство за одржување на кожата.

10-babini-soveti-za-ubavina-koi-ke-vi-zastedat-mnogu-pari-02.jpg

4. Пиво

Дури и денес голем број од ѕвездите и познатите фризери го препорачуваат пивото како делотворен препарат за нега на косата. Потребно е косата да ја натопите со пиво кое ќе и даде влага и текстура, но потоа мора темелно да ја измиете за да не остане непријатен мирис. Никако не користете жешка вода за измивање затоа што може да постигнете контра ефект.


5. Крпчиња за виткање на косата

Витлерите станаа апсолутен хит после 40-те години, но некои паметни жени продолжија да ја виткаат косата со помош на ткаенини. Со крпчињата потребно е да ја навиткате косата кога е влажна, да ја исушите, да преспиете и ќе добиете совршени локни.


6. Јајца

Одлична замена за регенератор е свежо изматеното јајце. Тоа ќе ги врати оштетените протеини во косата, а може да биде и добар лек против брчките на лицето. Потребно е да го нанесете матено, да го оставите неколку минути додека се засуши, па да ја исплакнете кожата.


7. Прашок за печиво

Наместо скапите тоници за чистење на кожата, доволно е да промешајте лажица прашок за печиво со шолја вода. Прашокот ќе ги раствори нечистотиите на лицето кои ќе исчезнат по само едно плакнење.


8. Масло од рози

Маслото од рози е подобра нега од сите скапи и модерни креми за лице. Едноставно изгмечете неколку латици од рози додека од нив не започне да тече сок и нанесете ги на лицето или усните.

10-babini-soveti-za-ubavina-koi-ke-vi-zastedat-mnogu-pari-03.jpg

9. Сода бикарбона

Ако во мал сад помешате половина лажичка сода бикарбона со неколку капки вода, ќе добиете одлично средство за чистење на забите. Внимавајте само да не ја користите пречесто за да не ги раздразните непцата и површинскиот слој на забите. Два пати неделно е сосема доволно.


10. Вазелин

Ова е едно од најдобрите средства за заштита на кожата кое може да го пронајдете по ниска цена. Многу брзо ќе ја врати влагата на кожата по целото тело, ќе ги залечи пукнатините од студ и ќе ги пополни брчките.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg