4 вистини за целулитот и 1 рецепт како да се ослободите од него

Многу жени се мачат со целулитот на нозете и задникот, но откако ќе согледаат дека тој е проблем со кој не можат да се изборат, набрзо се откажуваат.

4-vistini-za-celulitot-i-1-recept-kako-da-se-oslobodite-od-nego-01.jpg

Можеби не се работи за неговата постојана појава, туку за невистините во кои сте речиси сигурни.

Ова се единствените вистини кои треба да ги знаете за целулитот:

Целулит немаат само дебелите луѓе

Вистина е дека колку повеќе сало имате под кожата, толку поголеми ќе бидат вдлабнатините од целулитот. Но, и слабите луѓе имаат целулит. Дел од појавата зависи и од генетиката, па така ако вашата мајка ја имала оваа борба, веројатно ќе ја имате и вие.


Со слабеење целулитот се губи

Целулитот можеби е надвор од ваша контрола, но салото не е. Ако индексот на телесна маса ви е висок, губењето на сало може да ви го намали целулитот. Но, многу помали се шансите дека оние со ниска телесна маса ќе се ослободат од него, напротив, кај нив целулитот многу повеќе ќе се познава откако ќе ослабат.


Кремите против целулит не се целосно некорисни

Иако нема во целост да ви го отстранат целулитот, кремите ќе ви помогнат во борбата. Заради нив кожата станува подебела, со што се намалува видливоста на дупчињата. Но, штом еднаш престанете да ги користите, проблемите се враќаат.


Нема да бидете задоволни дури и кога третманите ќе успеат

Пациентите некогаш тешко го прифаќаат фактот дека не е возможно да се ослободат од целулитот. Па затоа колку и да функционираат третманите, многу понесреќни ќе бидат за парите кои ги фрлиле, отколку среќни заради тоа што целулитот се намалил, а не исчезнал.

4-vistini-za-celulitot-i-1-recept-kako-da-se-oslobodite-od-nego-02.jpg

Постојат многу природни домашни рецепти со кои можете да се борите против целулитот на критичните делови, па затоа не чекајте до лето.

Испробајте го овој рецепт уште денес:

Што ви треба?

  • ½ шолја турско кафе
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 до 3 лажици маслиново масло

Помешајте ги сите состојки и ставете ги во стаклена тегличка. По туширањето добро истријте ги критичните места со пастата и исплакнете. Потоа нанесете антицелулит крема.

За најдобри резултати пилингот користете го секој ден.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава