Најлошите грешки во шминкањето: И убавото лице може да изгледа лошо

Иако шминката се користи за да ги прикрие недостатоците, доколку не се нанесува правилно, може да даде спротивен ефект.

najlosite-greski-vo-sminkanjeto-i-ubavoto-lice-moze-da-izgleda-loso-01

Понекогаш може да се погреши со употребата на ноќна шминка преку ден и обратно. Важно е да се запазат клучните детали кои ќе ви дадат природен изглед.

Сè што е претерано може само да ви ја влоши ситуацијата, па дури и од убавото лице да направи нападен лик кој воопшто нема да личи на вас.

Првото најважно нешто е пудрата која треба да биде во соодветна нијанса која ќе ви даде изедначен тен.

Мора да бидете внимателни и со руменилото на образите кое треба да ви даде природен и свеж изглед.

Веѓите може да ги исцртате многу малку и само на оние места каде сте претерале со пинцетата, но да не направите сосема нов облик кој не одговара на вашите црти.

Во однос на сенката, преку ден треба да е неутрална и ненападна, за разлика од ноќната. Од маскарата доволни ви се два слоја.

На усните нанесете малку сјај или лабело со розева нијанса која ќе ви даде свежина на лицето.

Ова се најголемите грешки кои може да ги направите при шминкањето. Обидете се да ги избегнете!

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава