Изгледајте подобро на фотографиите во 7 мали чекори

Некои луѓе не престануваат да се фотографираат каде и да се појават, што и да облечат. Други пак, бегаат од камерата затоа што најчесто не им се допаѓа крајниот резултат, кога ќе се видат на фотографиите.

izgledajte-podobro-na-fotografiite-so-7-mali-cekori-01

Но, нема потреба да се разочарувате, туку доволно е да научите неколку мали чекори во однос на позирањето и без проблем, на секоја фотографија ќе ви биде истакнато најдоброто што го имате.

1. Соодветен агол

Мора да го најдете вашиот совршен агол за да изгледате точно онака како што треба. Зависно од она што сакате да го скриете или истакнете треба да застанете така што ќе бидете доволно наведнати или исправени и сенката ќе ви биде доволно добро поставена за да ве прикаже во вистинско светло.

izgledajte-podobro-na-fotografiite-so-7-mali-cekori-1.jpg


2. Не се фотографирајте централно застанати

Ја зафаќате цела фотографија, ви се забележуваат сите недостатоци и од сето тоа не може да излезе добра фотографија. Никогаш не застанувајте право и централно од камерата. Завртете се странично и свртете го само лицето кон камерата. Така ќе добиете поистенчен изглед.

izgledajte-podobro-na-fotografiite-so-7-mali-cekori-2.jpg


3. Бидете природни

Никој не сака на фотографија да види вештачка насмевка или поза. Кога се фотографирате, обидете се да бидете колку може поприродни и поспонтани. Најдете ја својата удобна зона и нека ве водат емоциите.

izgledajte-podobro-na-fotografiite-so-7-mali-cekori-3.jpg


4. Треба да ги знаете своите маани

Никој не е совршен и сите имаат недостатоци за кои треба да се свесни. Само така ќе може да ги скријат и да излезат добро на фотографиите. Така, на пример, ако имате некој недостаток на левата страна, кога позирате секогаш вртете се со десната страна кон камерата.

izgledajte-podobro-na-fotografiite-so-7-mali-cekori-4.jpg


5. Истакнете ги усните

Тие се важен дел од вашето лице и секогаш треба да изгледаат полно. Доколку ви се потенки, тогаш насмевнете се благо, не со развлекување од едното до другото уво. Задолжително нанесете кармин на нив.

izgledajte-podobro-na-fotografiite-so-7-mali-cekori-5.jpg


6. Светли очи

Повторно треба да внимавате на насмевката и растегнувањето на образите. Ако имате светли очи и позирате насмеани, може целосно да ви се изгубат на фотографијата. Светлите очи треба да ги истаккнете, затоа употребете само блага или заводлива насмевка.

izgledajte-podobro-na-fotografiite-so-7-mali-cekori-6.jpg


7. Фотографирајте сe црно-бело

Многу често, црно-белите фотографии изгледаат подобро од оние другите, бидејќи немаат проблем со боите и дамките на лицето, а даваат и поголема уметничка вредност.

izgledajte-podobro-na-fotografiite-so-7-mali-cekori-7.jpg

Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...

Најчитани неделава