Природни маски од 1 состојка кои ги чистат митесерите

Митесерите најчесто се јавуваат во пределот околу носот, брадата и челото, односно на местата каде кожата е помасна од вообичаено.

prirodni-maski-od-1-sostojka-koi-gi-cistat-miteserite-01.jpg

Најчесто сите ги чистат со креми врз база на витамин Ц и Б3, без да знаат дека постојат 3 основни маски од само 1 состојка кои го имаат истиот ефект.

Сок од лимон

Одличен сојузник затоа што е богат со витамин Ц. Тој ги отстранува мртвите клетки и прави природна дезинфекција. Доволно е да исцедите малку лимон, да го нанесете со памук или прсти на лицето и да го оставите да делува околу 1 час. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Зелен чај

Сварете 1 шолја зелен чај и оладете го на собна температура. Нанесете го со памук на критичните зони, па по 10 минути исплакнете го лицето. Антиоксидансите помагаат во чистењето и ги намалуваат воспаленијата на кожата

Мед

Загрејте 1 лажичка мед, почекајте да се олади и нанесете го растопениот мед на лицето. Оставете ја маската да делува 10 минути, па исплакнете со млака вода. Медот покрај тоа што ги чисти митесерите, воедно делува и антибактериски.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава