Природни домашни лекови против првут

Првутот е непријатна појава која ја имаат огромен број на луѓе, а посебно е неподнослива кога носите црна облека.

prirodni-domasni-lekovi-protiv-prvut-001.jpg

Можеби сте пробале милион шампони и хемикалии за поздрав скалп, но ретко кога сте го добиле посакуваниот резултат.

Пред да се откажете од борбата против првутот, пробајте ги овие домашни евтини лекови:

Аспирин

Аспиринот содржи активна состојка која ја има во повеќето шампони против перут. Затоа потребно е да изгмечите 2 Аспирина додека не добиете прав, а потоа да го измешате со малку шампон, колку што ви е потребен за едно миење. Оставете го да делува заедно со шампонот 2 минути, па исплакнете.

prirodni-domasni-lekovi-protiv-prvut-01.jpg


Масло од чајно дрво

Ако не користите шампон со чајно дрво, секогаш може да купите масло и да додадете неколку капки во него.

prirodni-domasni-lekovi-protiv-prvut-02.jpg


Кокосово масло

Ќе ви помогне да го елиминирате првутот и да ја намалите чешавицата на темето. Измешајте малку масло од кокос со сок од половина лимон и ставете ја течноста на кожата на главата. Масирајте неколку минути, па по 20тина минути измијте на вообичаен начин. Повторувајте ја постапката 3 пати во неделата.

prirodni-domasni-lekovi-protiv-prvut-03.jpg


Јаболков оцет

Можеби најпопуларниот лек против првут. Оцетот го враќа pH балансот на скалпот и ги чисти порите. Потребни ви се само 2 големи лажици оцет кои треба да ги помешате со уште 2 лажици вода. Додадете 15-20 капки масло од чајно дрво за подобар ефект и масирајте го скалпот со течноста. Потоа добро измијте.

prirodni-domasni-lekovi-protiv-prvut-04.jpg


Сода бикарбона

Намокрете ја косата и масирајте ја кожата на главата со неколку лажички сода. Прескокнете го шампонот и само исплакнете ја косата. По неколку дена косата може да ви стане посува, но не се откажувајте - за неколку седмици ќе забележите дека скалпот е далеку поздрав.

prirodni-domasni-lekovi-protiv-prvut-05.jpg


Лимон

Голем број на шампони против првут содржат лимон, но ефектот е многу подобар ако го направите следниов третман. Исцедете 1 лажица сок од лимон и ставете ја во 1 шолја вода. Со оваа течност плакнете ја косата секојдневно.

prirodni-domasni-lekovi-protiv-prvut-06.jpg


Сол

Масирајте го скалпот со крупна морска сол неколку минути пред да ја измиете косата. Потоа измијте ја косата со шампон. Ова може да го практикувате секојдневно.

prirodni-domasni-lekovi-protiv-prvut-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...

Најчитани неделава