10 домашни рецепти за отстранување на лузните

Гребаниците, акните, убодите од комарци и исекотините се само дел од причините заради кои имаме лузни по телото и лицето.

10-domasni-recepti-za-otstranuvanje-na-luznite-001.jpg

За среќа, за да се ослободите од нив не ви се потребни скапи третмани и производи.

Послужете се со некои од овие намирници и домашни рецепти.

1. Преполовете еден лимон и истријте го на местото на лузната. Лимонот е природен избелувач кој ја намалува видливоста на лузните. За дополнителна помош пијте свежо исцеден сок од лимон 15 дена, без додаден шеќер или вода.

2. Направете паста од подеднакви делови на јогурт, магдонос и куркума, па со неа намачкајте ја лузната.

3. Алое верата е билка која може да ја преполовите, па со добиениот гел да ја намалите видливоста на лузната.

4. Во топла вода потопете неколку бадеми и оставете ги преку ноќ. Наутро исчистете им ја лушпата, изгмечете ги како пире, па со малку вода од роза направете крема за отстранување на лузните.

5. Природните масла се одлични избелувачи. Користете маслиново масло, кокосово масло и масло од лаванда.

10-domasni-recepti-za-otstranuvanje-na-luznite-02.jpg

6. Помешајте 5 лажици сода бикарбона со 1 лажица вода додека не добиете паста. Со неа намачкајте ја лузната и оставете да се исуши. Потоа исплакнете со топла вода. Повторувајте ја постапката 3 пати неделно.

7. Нанесете јаболков оцет директно на кожата и оставете го да отстои 10тина минути, па исплакнете. По чистењето задолжително ставете крема.

8. Изгмечете едно чешне лук, па течноста која ќе ја испушти нанесете ја на лузната. Лукот е природен антибиотик кој доволно е да делува 15 минути, па потоа исплакнете го и хидрирајте ја кожата.

9. Краставицата, доматите, свежиот компир, медот или обичната коцка лед исто така може да ги користите секојдневно како облоги.

10. Од голема помош може да биде и обичниот аспирин. Изгмечете 2 аспирина, помешајте ги со малку вода, па добиената паста нанесете ја на лузната.

10-domasni-recepti-za-otstranuvanje-na-luznite-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...

Најчитани неделава