Како брзо да ја отстраните надградбата на нокти без да ги оштетите?

Надградбата на нокти е мошне популарна меѓу девојките и жените ширум светот. Тоа стана глобален тренд кој речиси секоја девојка го применува често.

kako-brzo-da-ja-otstranite-nadgradbata-za-nokti-bez-da-gi-ostetite-01.jpg

Се прават најразлични декорации, облици, должини, но често знаат да бидат и проблематични. Некогаш пречат во работата, а некогаш знаат и случајно да се поткачат. Покрај овие случаи има и нетрпеливи девојки, кои сакаат да ги менуваат секоја недела, па брзаат да ги извадат за кратко време.

Понекогаш, кога се прави многу рано, вадењето на надградбата од ноктите знае да биде прилично болно.

Но, со примена на 2 трика, ќе можете брзо и лесно да ја менувате надградбата без да трпите болка.

1. Фолија

Потребен ви е ацетон, памук и кујнска фолија. Истурпирајте го горниот слој од гелот за да го отстраните сјајот, а потоа намокрете го памукот убаво со ацетонот и ставете го тоа околу ноктот. Секој нокт завиткајте го со фолија и по 10 - 15 минути маникирот би требало целосно да падне. Доколку остане нешто отстранете го со дрвено стапче.

2. Потопување

Потребни ви се два бокала, но едниот треба да биде подлабок и да го користите за топла вода. Во едниот бокал сипете ацетон и ставете го во другиот во топлата вода. Оставете ацетонот да се загрее на 1 минутка, а за тоа време истурпирајте ја површината на ноктот за да го отстраните сјајот. Намокрете ги прстите во бокалот и држете ги 10 до 15 минути, а откако ќе забележите дека гелот се подига на површината земете дрвено стапче и без да ги вадите прстите отстранете го гелот од ноктите.

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава