5 паметни начини да ја скриете настинката со шминка

Обичната настинка можеби не е некоја болест заради која треба да се затворите дома или да заглавите на лекар, но не е ниту нешто што може да го игнорирате, ако постојано ви е растечен носот, а очите црвени и потечени.

5-pametni-nacini-da-ja-skriete-nastinkata-so-sminka-01

Сепак, постојат некои трикови кои се корисни за девојките и можат многу да им помогнат во моменти кога се крајно болни, а мора да изгледаат убаво и средено.

Понекогаш едноставна шминка и некои помошни препарати, можат да направат вистинска магија.

1. Хидрирање на кожата

Потребно е да одберете хидратантен балсам кој најмногу ви одговара и да го носите секогаш со вас за да може да го смирите иритираното место. Тоа понекогаш може да биде и лабелото за усни кое е во практично стик пакување за лесно да го нанесете под очите, ноздрите или на устата каде ви е распукана кожата.


2. Коректор

Кремастиот коректор вешто ги прикрива подочниците, но може да го покрие и црвенилото или бледиот тен. Нанесете го на носот, под очите и на капаците, убаво размачкајте и изедначете го тенот. Внимавајте само да содржи и хидрантна подлога за да не ја исушите дополнително кожата.


3. Светло моливче под очите

Светлото моливче кое ќе го нанесете на внатрешната линија од окото може да ви го освежи изгледот и да делувате поенергично и побудно. Користете мрсно моливче во бела или беж нијанса. Не заборавајте да ги извиткате трепките и да нанесете маскара која ќе направи очите да ви изгледаат покрупни и поотворени.


4. Масло од пеперминт

Овој трик е особено корисен. Намачкајте малку масло на усните за да омекнат и малку да ви ги зголеми. Мирисот на пеперминт, дополнително ќе ви го олесни дишењето.


5. Вреќички зелен чај

Ако ставите ладни и исушени вреќички чај на очите околу 10 минути наутро, ќе се ослободите од воспалението, ќе го смирите црвенилото и иритацијата. Чајот пак може да го испиете со малку мед и да го подмачкате сувото грло.


Eве еден предлог кој може да го искористите:

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава