Сонце во коса - тренд кој ја најавува пролетта (фото)

Не сте баш сигурни дали сакате драстична промена на изгледот, но сепак сакате да ја освежите косата пред почетокот на топлите денови? Ви предлагаме да го пробате трендот на сончеви прамени во косата.

sonce-vo-kosa-trend-koj-ja-najavuva-proletta-001.jpg

Омбре беше популарен тренд кој изминативе неколку сезони налагаше боење на краевите на косата, но со сомбре техниката се бојат тенки прамени од врвот до коренот на косата, во нешто посветла нијанса наместо потполно спротивна.

Уште минатата година започна актуелизирањето на овој тренд, но како што пролетта полека се најавува, неговата популарност значително расте.

Фризерите објаснуваат дека се работи за прамени во 2 до 3 нијанси за подобар ефект, како косата би се прелевала во повеќе бои. Така ќе добиете поприроден и пооригинален изглед, буквално како сонцето да ви ја осветлило косата.

Во комбинација со пролетните сончеви прамени во косата, најдобро изгледаат фризурите со степенасто скратени прамени, но се препорачуваат и рамните боб фризури.

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава