Зошто е подобро лицето да го чистите со масло, наместо со вода?

Можеби досега бевте убедени дека за беспрекорно чисто лице откако ќе ја извадите шминката, потребно ви е на крај да го измиете со вода и сапун. Но, сега има и подобро решение од водата, а тоа е маслото.

zosto-e-podobro-liceto-da-go-cistite-so-maslo-namesto-so-voda-001.jpg

Зависно од тоа каков тип на кожа имате, различно масло може да користите. Со него се одржува хидратацијата на кожата, но се брише и шминката, а претставува и одлична подлога пред да ја нанесете пудрата.

За да го постигнете вистинскиот ефект на маслото мора да ја следите постапката:

Најпрво затоплете еден чист и мек пешкир и ставете го на лицето. Држете го 20-ина секунди, па нанесете го маслото.

Убаво масирајте за да се впие во кожата и за да се отстранат мртвите клетки. Оставете го да постои околу 30 секунди, па полека и нежно бришете го со загреаниот пешкир.

zosto-e-podobro-liceto-da-go-cistite-so-maslo-namesto-so-voda-1.jpg

Доколку имате нормална до сува кожа ви се препорачува да користите масло од арган или шеа. Тоа ќе ви ја хидрира кожата и ќе и даде доволна влажност, без да имате чувство како да ви е мрсно лицето.

За мрсна кожа користете масло од чајно дрво или пеперминт кои ја отстрануваат маснотијата од лицето, го прават суво, здраво и свежо.

zosto-e-podobro-liceto-da-go-cistite-so-maslo-namesto-so-voda-3.gif

За отстранување на шминката или како подлога може да го користите и ладното цедено маслиново масло, но не и растителното.

Хранливите масла може да ги користите и доколку имате проблематична кожа со акни, бидејќи имаат и лековити својства.

Ова се резултатите:

zosto-e-podobro-liceto-da-go-cistite-so-maslo-namesto-so-voda-5.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава