Што да направите во недела вечер за да изгледате прекрасно во понеделник наутро

Неделните вечери се наменети за релаксирање. Има ли нешто поубаво од лежење во пижами пред телевизор и гледање на омилената серија? Овој викенд скршете ја таа навика и одвојте малку време за да се посветите на негата на вашата коса и кожа.

sto-da-napravite-vo-nedela-vecer-za-da-izgledate-prekrasno-vo-ponedelnik-nautro-01.jpg

Пробајте ги овие лесни и ефективни совети за сјаен тен и здрава коса -нема да ви се верува како ќе изгледате кога ќе се разбудите.

Дадете и сјај на уморната кожа

Се што ви е потребно за оваа маска се десет листа спанаќ, половина банана и неколку капки бадемово масло. Состојките ставете ги во блендер и кога ќе добиете хомогена смеса, нанесете ја на лицето и оставете ја 30 минути.

Спанаќот им обезбедува дополнителен кислород на клетките и со тоа ја подобрува циркулацијата и кожата добива здрав и блескав сјај. Бананата содржи природни масла кои го зголемуваат производството на колаген, додека маслото од бадем ја омекнува и ја хидрира кожата.


Кажете им „чао“ на отечените очи

Знаеме дека коктелите кои ги пиевте со пријателките во сабота се вистинската причина за кесичките под очите, но тоа не значи дека и колегите треба да дознаат дека викендов сте претерале со алкохолот.

Решението е многу лесно - земете ладна краставица од фрижидерот, исечкајте две подебели крукчиња и ставете ги врз очите.

Немате краставица во моментов? Ставете го во замрзнувач вашиот крем за лице, почекајте да се олади и обилно намачкајте го пределот околу очите.


Негувајте го скалпот

Масажата на скалпот е многу важна но ретко кој има време за неа. Овој викенд посветете 10 минути на целосна масажа, иста како таа која ја добивате од фризерката во вашиот омилен салон. Масажата ја зголемува циркулација и косата расте поздрава.

Нанесете благ шампон и почнете да изведувате кружни движења со прстите, притискајќи повремено. Ако имате многу сув скалп, место шампон, за масажа користете масло од чајно дрво или кокосово.


Нахранете ја косата

Одморете ја косата од купечки маски полни со хемикалии со оваа лесна и евтина домашна маска.

Измешајте во еден сад филџан маслиново масло, едно јајце и лажица мед. Кога смесата ќе стане хомогена, нанесете ја на косата и оставете ја да стои барем половина час.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...

Најчитани неделава