Што се случува со вашето лице кога користите шминка со поминат рок?

Колку пати сме сме се двоумеле дали да ја фрлиме маскарата или пудрата за која сме дале цело мало богатство, а на која и поминал рокот за употреба? 

sto-se-slucuva-so-vaseto-lice-koga-koristite-sminka-so-pominat-rok-0

Датумот кој е втиснат на пакувањето не е таму за да ве натера да купите ново пакување, туку за да ве предупреди дека конкретниот препарат не само што повеќе не е толку ефикасен, туку дури може да и предизвика сериозна штета на вашата кожа. Дами, бидете претпазливи...

Што се случува со шминката откако ќе и помине рокот?

Како што поминува времето, така се менува составот на производот во прашање. Може да се исуши, да му се направат грутчиња или да почне тешко да се нанесува. Ова се однесува за сите шминки, од маскарата преку карминот до течната пудра.

Ефикасноста на активните состојки исто така се намалува со време. На пример, откако ќе и помине рокот на пудрата со спф фактор, заштитата од сонце нема да биде така силна како што била кога пудрата била свежа. Ова се однесува и на продуктите кои содржат салицилна киселина за превенеција од акни или ретинол за спречување на брчки.

sto-se-slucuva-so-vaseto-lice-koga-koristite-sminka-so-pominat-rok-2

Што се случува со вашата кожа кога користите шминка со поминат рок?

Тука демне вистинската опасност. Молекулите во овие препарати можат да се разградат во нешто сосема друго и вие може да доживеете многу лоша реакција на овие нови соединенија.

Иритацијата на кожата може да доведе до воспаление и контактен дерматитис кој пак предизвикува црвенило, осип, мозолки, па дури и пликови и отоци. Звучи страшно, нели?

Шминката со поминат рок може да содржи бактерии. Ако ја нанесете на кожата, таа може да предизвика сериозни иритации и акни, а ако дојде во контакт со очите, бактериите може да предизвикаат инфекции како конјуктивитис или јачмен на око.

Што се однесува до карминот, тој може да предизвика отекување на усната и појава на херпес.

sto-se-slucuva-so-vaseto-lice-koga-koristite-sminka-so-pominat-rok-1

Општо правило е дека најдобро е маскарата да ја менувате на секој три месеци, тушот за очи на секој шест месеци, сенката на секој дванаесет додека карминот може да ви трае година ипол. Рокот на употреба на пудрата за лице, коректорот и руменилото е дванаесет месеци.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg