Мејкап совети и правила кои треба да ги знае секоја русокоса

Темна или светла сенка? Розов или црвен кармин? Дебели или тенки веѓи? Ова се само дел од прашањата и дилемите со кои се соочува секоја русокоса, секојдневно.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-01.jpg

Ако и вие сте платинеста убавица, овие правила и совети ќе ви бидат добредојдени. Токму тие ќе ве научат како да ја нагласите својата природна убавина во комбинација со русата коса.

1. Нагласете ги трепките

Русокосите, без оглед дали се природни или обоени, треба да експериментираат со маскарата се додека не ја пронајдат совршената. Најдобри опции се темно кафените, црни или тегет маскари. Плус, не се плашете да ставете еден слој повеќе.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-17.jpg


2. Дефинирајте ги веѓите

Слично како и со трепките – потребно е да ги истакнете и веѓите. За да ги нагласите, а се пак да изгледате природно, бирајте сенки или моливчиња кои се 1 до 2 нијанси потемни од вашата кожа.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-02.jpg


3. Умерено со сенките

Имате неутрална боја на коса, па затоа интензивните и темни нијанси на очите не се препорачливи. Попаметно е да одберете кафени и златни нијанси на сенки, а ако сакате нешто поразлично одлучете се за пастелни бои.

На русокосите со сини очи најдобро им стојат студени нијанси како сивата, сребрената и светло сината, додека на русокосите со кафени очи најдобро им стојат кафените тонови и светло виолетовите.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-06.jpg


4. Зачадени очи

Тоа што не смеете да носите црна сенка, не значи дека не можете да си поиграте со убавината на зачадените очи. Само бирајте посветли тонови и задолжително аголот на окото акцентирајте го со златна сенка.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-03.jpg


5. Одбирање на кармин

Имате огромен број на опции, но сепак треба да ги одберете оние посветлите и поведри. Во комбинација со русата коса најдобро одговараат розовите кармини, светло портокаловите и кармините во боја на кожа. Сепак, ако сакате нешто повпечатливо, одберете светло црвен кармин кој секогаш добро оди со мачкестите очи. Само сетете се на Мерлин Монро...

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-07.jpg


6. Златна подлога

Русокосите обично имаат и светол, блед тен, па затоа секој сјај е добредојден. За да и дадете поубав изглед на кожата, а да изгледа природно, користете течна пудра или тонирана крема која има златест отсјај. Секогаш можете да се одлучите и за бронзер, но бирајте ја најсветлата нијанса која постои.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-08.jpg


7. Нежно руменило

На русокосите не им прилегаат кафените тонови на руменило кои ги истакнуваат јаболкниците. Наместо тоа, одберете нијанса на праска. Не заборавајте да нанесете и хајлајтер над руменилото, за дополнителен сјај.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-09.jpg


Ако сте платинеста русокоса...

Доколку сте се одлучиле за студена нијанса на руса коса, тогаш треба да бирате и студени нијанси на сенки и кармини. Само ако имате нешто потемен тен, користете кафени нијанси.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-05.jpg


Ако сте природна, златеста русокоса...

Во тој случај нијансите на карамела и мед се создадени за вас. Избегнувајте ги темно портокаловите сенки и кармини кои ќе изгледаат кич во комбинација со природната руса коса. За посебни прилики, одлучете се за виолетова сенка на очите, само не претерувајте.

mejkap-soveti-i-pravila-koi-treba-da-gi-znae-sekoja-rusokosa-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg