Момци: Ова се 5 чекори до совршено бричење

Без разлика дали започнувате кариера, сакате да изгледате помладо или пак само сакате да изгледате средено, бричењето е една од техниките кои мора да ги владеете совршено.

momci-ova-se-5-cekori-do-sovrseno-bricenje-1

Доколку сте почетник сигурно досега сте користеле фластери, наместо колонска вода за после бричење, па затоа овие 5 совети за совршено бричење без сечење добро ќе ви дојдат.

1. Бричење после туширање или миење на лицето со топла вода

Секогаш бричете се после туширање или откако ќе го измиете лицето со топла вода, бидејќи кожата и брадата омекнуваат од топлата вода и се бричат полесно.


2. Бричење со безалкохолна пена или друг продукт за бри
чење

Продуктите за бричење кои содржат алкохол ја сушат кожата и може да предизвикаат акни, па затоа пред да купите пена за бричење или друг продукт, прво прочитајте го составот.


3. Користење на остар и чист брич

Никогаш не користете тап и нечист брич, бидејќи голема е веројатноста да си ја исечите кожата и да ја инфицирате од самиот брич.


4. Бавно бричење со кратки потези

Бричете се бавно со кратки и прецизни потези кои ќе ви дадат контрола врз бричењето за да не скратите повеќе од потребно.


5. Плакнење со ладна вода

На крај, исплакнете го лицето со ладна вода, бидејќи таа ги затвора порите. Потоа истапкајте го лицето со чиста крпа и ставете балсам или колонска вода.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава