Корисни совети за ниски девојки: Избегнувајте големи чанти и ишишајте се кратко

Гледајќи ги светските модни писти и високите модели, секоја девојка посакува да е висока некој сантиметар плус.

korisni-soveti-za-niski-devojki-izbegnuvajte-golemi-canti-i-isisajte-se-kratko-01.jpg

Иако тоа е невозможно да се изведе, сепак правилната облека и внимателно одбраните додатоци може визуелно да ви ја издолжат фигурата.

- Кога се одбираат потпетици, сите ниски девојки прават клучна грешка - одбираат штикла од 12 или 15 сантиметри. На девојките со низок раст подобро им стојат потпетици со оптимална висина од околу 8 сантиметри, затоа што ако се качите на повисоки ќе изгледате неприродно.

- За кежуал варијантите, не бирајте рамни обувки. Секогаш подобар избор се потпетиците на платформа.

- Кога се фармерките и пантоланите во прашање, никогаш не носете модели со должина под колениците. Тој модел е резервиран само за високите девојки. Наместо тоа, носете кратки здолништа и шорцеви, како и облека со вертикални риги кои визуелно ќе ви ги издолжат нозете.

- Кога се работи за маици, кошули и јакни, бирајте модели кои едвај ви ги допираат колковите. Се што е подолго и пошироко ви ја голта фигурата.

- Добар трик за добивање на сантиметри е и облекувањето во иста боја и нијанса на маица од глава до пети.

- Крупниот накит избегнете го и наместо него бирајте дискретни модели на огрлици и алки. Тоа важи и за очилата за сонце.

- Посебно обрнете внимание кога бирате чанти. Големите никако нема да ви прилегаат, затоа што ќе делувате несразмерно. Потрудете се да најдете некоја мала димензија на синџирче.

- И за крај, ако се двоумите дали да ја скратите косата, запаметете дека кратките фризури секогаш подобро им стојат на ниските девојки. Ако баш не можете да се откажете од долгата коса, почесто врзувајте ја во високо опавче или пунџа.

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
8 идеи како да ја стилизирате долгата коса летово, без да одите на фризер (фото) Нема да ви одземат многу време, а и не мора да имате којзнае каков „фат“ за да м...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава