5 Трикови за разубавување на деколтето

Еден од многуте начини да изгледате привлечно е да го покажете заводливото деколте, но не на вулгарен начин, туку на елегантен.

5-trikovi-za-razubavuvanje-na-dekolteto-1

Откако го облековте фустанот со длабоко деколте или коресот, време е да ги употребите овие 5 трикови за уште подобар изглед:

Подгответе ја кожата

Пред да носите отворено деколте, задолжително направете пилинг на кожата. Користете ги производите кои содржат благи состојки, наместо типичните пилинзи за тело кои можат да бидат премногу силни за чувствителната кожа на вратот и градите.


Смирете го црвенилото

Имате црвени дамки? Тоа може да го решите на два начини: доколку имате алое вера билка во домот, од неа исцедете малку гел и директно нанесете го на црвените дамки. Другиот начин е да набавите лосион со екстракт од алое вера од аптека, кој има подеднакво влијание.


Нега

Откако ќе го смирите црвенилото и ќе направите пилинг, потребно е да нанесете масло или лосион за тело. За вашата кожа да биде подолго време нахранета, во состојките на лосионот или маслото побарајте да има шеа путер, кокосово или бадемово масло.


Контура на деколте

Искористете ја шминката и направете контура на деколтето. Користете бронзер кој е за нијанса потемен од кожата на лицето и направете „Y” облик- со тоа што ќе започнете од градната коска кон нагоре и изедначувајте го околу градите и рамениците.


Сјај

Сјајот можете да го постигнете со користење на хајлајтер - нанесете го на предната страна на рамениците и на самите раменици, како и на клучната коска.

Погледнете го ова видео за контура на деколтето со кое ќе блеснете во полн сјај:

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава