Трикови за убавина: Како шминката да изгледа совршено 24 часа

Ако сте поканети на свадба која трае цел ден или на некоја друга прослава, тогаш сигурно сакате шминката да ви изгледа совршено во текот на целиот ден. Сега, тоа е возможно благодарение на овие мејкап трикови.

trikovi-za-ubavina-kako-sminkata-da-trae-24-casa-1

Карминот и сјајот за кратко време ги снемува и се разлeваат во ситните брчки околу устата, маскарата станува сува и се рони, ајлајнерот се размачкува и како што поминува времето нашето лице започнува да изгледа лошо.

За да изгледате совршено подолго време, искористете ги овие трикови:

1. Ако имате мрсна кожа, тогаш 2-3 пати во текот на денот отстранувајте ја маснотијата со посебни силиконски марамчиња, кои ги има во добро снабдените маркети за козметика. Така, шминката ќе ви остане на место, кожата сува и нема да мора одново да нанесувате пудра.


2. 
Доколку имате сува кожа, тогаш треба да го правите спротивното, односно да ја хидрирате кожата со термална вода исто така 2-3 пати дневно. Доколку е потребно, во текот на денот додајте малку пудра.


3. 
На центарот на лицето додајте светлина, со тоа што ќе си понесете со себе коректор кој е за нијанса посветол од вашиот тен и нанесете го на Т-зоната. Доколку го поправате руменилото, бидете внимателни, бидејќи кожата мора да ви биде сува за да не создадете дамки. Сенката која се собрала на капакот, со домалиот прст тапкајте ја додека да добиете изедначена текстура. Потоа, на капакот натапкајте малку камена пудра и повторно нанесете сенка.


4. 
Кога станува збор за маскарата, никогаш не нанесувајте ја повторно во текот на денот, бидејќи само ќе добиете дебели трепки кои ќе направат лицето да ви изгледа уморно. За да го поправите карминот, прво целосно избришете го, а потоа на усните нанесете балсам и намачкајте кармин. 

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава