Јога за лице: Подмладете се и избришете ги брчките

Овие вежби за лице можете да ги правите кога ќе посакате, а вежбањето на јогата за лице два пати дневно ќе ви даде одлични резултати.

joga-za-lice-podmladete-se-1

Потребни ви се два месеци континуирано вежбање за да постигнете видливи резултати:

Против вертикални линии на лицето

Јаготките од прстите ставете ги на врвот од челото, под линијата на косата. Опуштете ги мускулите на лицето и со прстите подигнете го челото, па повторно опуштете. Повторете ја вежбата 10 пати.


Против брчките меѓу веѓите

Испружете ги показалците и ставете го на средината меѓу веѓите. Потоа намрштете се, а истовремено со показалците туркајте ги веѓите на страна. Повторете ја вежбата 10 пати.


За зацврстување на челото

Свиткајте ги показалците во форма на лак и ставете ги на веѓите. Додека ги подигнувате веѓите, со показалците давајте благ отпор и туркајте ги веѓите надолу. Задржете така и бројте до 10, па повторете неколку пати.


За зацврстување на образите, вилицата и јаболкниците

Легнете на грб и опуштете ги сите мускули на телото. Обидете се со вилицата да кружите во круг неколку пати на едната страна, а потоа и на другата. Отворете ја устата во големо О, потоа раширете ги усните и спојте ги забите. Повторете ја вежбата неколку пати. На крајот, исплазете го јазикот кон брадата, а очите насочете ги кон челото. Задржете ја положбата најмалку 10 секунди. 

Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава