Убавина од кралските палати: Како се негувале принцезите и кралиците?

Дамите со плава крв отсекогаш имале неколку тајни во ракавот кога станувало збор за нивниот беспрекорен изглед.

ubavina-od-kralskite-palati-kako-se-neguvale-princezite-i-kralicite-01.jpg

За некои тоа се маските за лице, а за некого секојневната рутина на примена на масла и млека за тело кои ја задржуваат еластичноста на кожата и спречуваат нејзино стареење.

Ова се тајните на познатите кралици и принцези:


1. Марија Антоанета

За беспрекорниот тен и порцелански лик на оваа француска кралица должна е маската која ја употребувала. Истата французинките денес се уште ја употребуваат за нега на кожата на лицето.

Самата маска составена е од две супени лажици коњак, 1/3 шолја млеко во прав, 1 белка од јајце и 1 лимон.

Коњакот ја поттикнува циркулацијата и ги стеснува порите на лицето. Белката ја затегнува кожата, млекото го намалу лачењето на себумот, а лимоновиот сок е природен пилинг со кој се чистат мртвите кожни клетки.

ubavina-od-kralskite-palati-kako-se-neguvale-princezite-i-kralicite-1.jpg


2. Кралицата Елизабета I

За време на владеењето на оваа британска кралица, голем дел од козметичките препарати биле забранети бидејќи се верувало дека носат лоша енергија.

Во тој период за убава жена се сметала онаа која има совршено бел тен па, кралицата Елизабета често носела бела шминка. Најпознатиот козметички производ кој бил употребуван во тој период се правел од оцет и бело олово.

Меѓу другото, во тоа време покрај белиот тен за убава жена се сметала и онаа која има големо чело па кралицата отстранувала дел од косата како би добила поголемо чело.

ubavina-od-kralskite-palati-kako-se-neguvale-princezite-i-kralicite-2.jpg


3. Викторија

Кралицата Викторија секогаш ги парфимерирала своите ракавици со масло од рози за да ја спречи појавата на лоши и непријатни мириси.

ubavina-od-kralskite-palati-kako-se-neguvale-princezite-i-kralicite-3.jpg


4. Грејс Кели, принцезата од Монако

Позната глумица секогаш тврдела дека годините најпрво се забележуваат на рацете и токму затоа секогаш употребувала креми за раце.

ubavina-od-kralskite-palati-kako-se-neguvale-princezite-i-kralicite-4.jpg


5. Принцезата Дајана

За промените во навиките на шминкање одговорна била нејзината лична стилистка Мери Гринвел. Престанала да употребува сина сенка на нејзините прекрасни сини очи и секојдневно нанесувала маскара.

ubavina-od-kralskite-palati-kako-se-neguvale-princezite-i-kralicite-5.jpg


6. Кејт Мидлтон

Војвотката има голем број на тајни кои се должни за нејзиниот софистициран изглед, но најважна е нејзината секојдневна рутина.

Секојдневно нанесува крема за тело и масло од шипка. Второто го употребува затоа што ја спречува појавата на брчките.

ubavina-od-kralskite-palati-kako-se-neguvale-princezite-i-kralicite-6.jpg

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава