Како да спречите да ви се размачкува шминката?

Колку се потопли деновите, толку повеќе се зголемува опасноста од растекување на шминката која се нанесува, па решението е или постојано да ја коригираме или да не ја нанесуваме.

kako-da-sprecite-da-vi-se-razmackuva-sminkata-01

Но, пред да се разочарате, можеби е подобро да обрнете внимание на соодветните препарати кои се користат за да го спречите размачкувањето на шминката.

1. Превентива

Најдобра превентива е да направите пилинг на кожата, бидејќи нејзината мекост може да придонесе за тоа шминката да се задржи подолго на лицето. Исто така, избегнувајте да ставате подлога на лицето, која содржи силикон, бидејќи и тој придонесува за размачкување на шминката.


2. Кожа

Не ставајте кремасти производи на лицето, ниту пудри со густа текстура, бидејќи тие многу лесно се размачкуваат. Колку текстурата е погуста, толку кожата повеќе се поти, а со тоа доаѓа и до размачкување на шминките. Затоа, барем летно време бирајте полесни креми и пудри, а може да нанесувате и бронзер за кожата да ви добие поубав сјај.


3. Очи

Избегнете го „smokеy eyes“ ефектот и одберете посветли нијанси на сенки, ако веќе мора да ги користите.

Покрај тоа, одберете водоотпорна маскара, а за да ги елиминирате темните кругови под очите, нанесете само коректор на лицето.


4. Усни

Наместо да нанесувате силни и густи сјаеви и кармини, одберете неутрални сјаеви за усни или балсами во боја, бидејќи тие ќе им дадат посебен сјај, а воедно шминката нема да ви се размачка од усните.


5. Крема за сончање

Многу е важно во текот на летото редовно да нанесувате крема за сончање за да ја заштитие кожата од штетните ефекти и размачкувањето на шминката.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава