Водич за девојките со кафеави очи: Како правилно да се нашминкате?

Девојките со кафеави очи можат да одбираат помеѓу различните палети на бои кога е во прашање шминкањето и истакнувањето на очите.

vodic-za-devojkite-so-kafeni-oci-kko-pravilno-da-se-nasminkate-1

Овие илустрации ќе ви помогнат да ги одберете вистинските нијанси на сенки во зависност од тоа дали имате светло кафеава, средно кафеава или темно кафеава боја на очи.

Можеби до сега користевте погрешна боја на сенка, затоа погледнете го овој водич за правилно шминкање на кафеавите очи:


1. Светло кафеави очи

vodic-za-devojkite-so-kafeni-oci-kko-pravilno-da-se-nasminkate-2

Измешајте ги богатите виолетови нијанси, со малку бело моливче или сенка. Тие ќе им дадат длабочина на вашите очи.

Освен тоа овие нијанси имаат некој посебен бисерен сјај, па би било добро доколку пронајдете светкава виолетова сенка, која ќе им додаде посебен сјај.


2. Средно кафеави очи

vodic-za-devojkite-so-kafeni-oci-kko-pravilno-da-se-nasminkate-3

Одберете палета на сенки кои ќе ги содржат сината, тиркизната и златната боја која ќе ја нанесете на аглите од вашите очи.

Сите овие бои можете да ги комбинирате една со друга или пак да ги нанесувате посебно, како и да е тие со сигурност ќе ги истакнат вашите очи.


3. Темно кафеави очи

vodic-za-devojkite-so-kafeni-oci-kko-pravilno-da-se-nasminkate-4

Светлите нијанси на сенки како праска боја, белата, светло зелената и нежните златни нијанси се одлични за девојките со темно кафеави очи.

Ако сакате потемен изглед на очите за вечерните излегувања, нанесете потемна зелена сенка на краевите, а на почетокот посветла златна нијанса.


4. Бонус совет:

Маскарите во разни бои се уште еден начин да ја истакнете кафеавата боја на очи. Ако се брзате, нанесете бронзер и златна сенка и подготвени сте да блеснете во полн сјај. 

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава