Домашна крема која ќе ви ги избрише брчките за 7 дена

Ако сте жена која полека започнува да се соочува со брчки по лицето и вратот, тогаш ви препорачуваме да го искористите овој домашен рецепт за крема.

domasna-krema-koja-ke-vi-gi-izbrise-brckite-za-7-dena-01.jpg

Мешавината од само 4 состојки ја хидрира кожата, го изедначува тенот и го забавува процесот на стареење. Плус, погодна е за сите типови кожа.

Состојки:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица маслиново или бадемово масло
  • ½ лажица квалитетен мед
  • 2 лажици вазелин

Подготовка:

Загрејте го вазелинот на пареа и стопете го. Дури кога ќе го тргнете од оган додадете ги останатите состојки.

domasna-krema-koja-ke-vi-gi-izbrise-brckite-za-7-dena-02.jpg

Добро измешајте. Ќе ви бидат потребни неколку минути за да добиете изедначена смеса.

Ставете ја мешавината во стаклен или пластичен сад од стара крема. Доволно ви е пакување од 50ml.

Нанесувајте ја кремата со блага масажа, на чиста кожа. По 30 минути отстранете ја со мек памук или сунѓерче за лице потопено во минерална вода.

Препорачливо е третманот да го правите 2 часа пред спиење.

Задолжително чувајте ја кремата во фрижидер затоа што сите состојки се природни.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...

Најчитани неделава