Водич за дами: 7 лекции на кои нè учи Џулија Робертс

Велат класичната убавина е безвременска, а која друга жена би можела да се стави во оваа категорија ако не и Џулија? Таа секогаш изгледа беспрекорно и што е најважно, природно.

vodic-za-dami-7-lekcii-koi-mozete-da-gi-naucite-od-dzulija-roberts-01.jpg

Џулија во 90-тите година беше најплатената холивудска ѕвезда на светот, а својата слава ја доби со филмот „Убава жена“.

Препознатлива е по својата раскошна насмевка и улогите во многу романтични филмови.

Ова се неколку трикови за убавина кои можете да ги применувате по нејзин пример:


1. Комфорот и модата можат да одат заедно

Да, токму така. Може да изгледате модерно и тренди и истовремено да се чувствувате удобно. Тоа е лекцијата која многупати Џулија ни ја покажала.

Фармерките или комбинезоните со машки крој можат да направат секоја дама да изгледа софистицирано и шик. Џулија е вистински пример за тоа.


2. Не плашете од природниот изглед дури и кога е во прашање косата

Уште од филмот „Убава жена“ Џулија стана препознатлива по својата долга и кадрава коса.

Таа е таква каква што е и не се грижи за моменталните модни трендови, а сепак изгледа модерно.

vodic-za-dami-7-lekcii-koi-mozete-da-gi-naucite-od-dzulija-roberts-1.jpg

3. Но, и експериментирањето е сосема во ред

Иако го сака својот природен изглед, таа не се плаши да експериментира со бојата на косата. Затоа сме ја виделе како русокоса, црвенокоса и бринета.


4. Винтиџ е секогаш ин

Далечната 2001 година беше одлична за Џулија. Не само што освои оскар за филмот „Ерин Брокович“ таа носеше и незаборавен црно-бел Валентино фустан.

vodic-za-dami-7-lekcii-koi-mozete-da-gi-naucite-od-dzulija-roberts-2.jpg

5. Секогаш носете кармин на усните

Оваа холивудска дама ретко кога има направено некоја грешка кога е во прашање шминката. Сака да ги истакнува усните, но не исклучиво со црвен кармин. Во игра влегуваат голем број на нијанси, а најважна од сè е прекрасната насмевка.


6. Останете верни на својот стил

Преферирате фармерки наместо фустани и здолништа? Не се откажувајте од нив.


7. Старејте достоинствено

Џулија е една од ретките глумици која не планира да подлегне на пластични операции и ботокс. Таа пронашла поинаков начин за одржување на младоликиот изглед - јогата.

„Се работи за чистење на умот и ослободување од работите кои ве прават заморни како физички така и психички“ - објаснува Џулија.

„Тука лежи тајната на мојот живот, не гледам на работите пресериозно“ - додава.

vodic-za-dami-7-lekcii-koi-mozete-da-gi-naucite-od-dzulija-roberts-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...

Најчитани неделава