Одвратна си - ја понижувале заради акните на лицето, а таа им возвратила на ударот!

Ем Форд е девојка која започнала да го прикажува своето лице шминка и за тоа добила многу негативни коментари.

ekstremno-negativnite-komentari-za-nejziniot-izgled-ja-naterale-da-napravi-video-001.jpg

Токму затоа се одлучила да направи видео во кое ќе ги прикаже вистинските коментари кои ги добила откако започнала да објавува слики со нејзиниот природен изглед.

„Изминатата година кожата ми стана проблематична и добив проблеми со самодовербата. Не сакав да споделувам фотографии на социјалните мрежи знаејќи дека тоа е неприфатливо. Тогаш сфатив дека треба да откријам зошто се чувствувам така“ – ја започнува Ем својата приказна.

Се одлучила да не го крие своето лице, да покаже како изгледа и негативните коментари веднаш пристигнале. Добила дури 100.000 коментари кои на секој можен начин ја критикуваат и навредуваат.

„Бев изненадена дека постојат и такви кои подеднакво како и јас се засрамени од својот вистински изглед и сакав токму на нив да им се обратам“ – објаснува Ем.

По прикажувањето на вистинскиот изглед таа се одлучила и целосно да ги покрие маните со шминка. Била изненадена како луѓето веднаш започнале со позитивни коментари и пофалби.

„Опкружени сме со лажни слики за совршенство и себеси се споредуваме со тие лажни слики. Секако дека изгледот никогаш нема да ни биде таков - убави сме онакви какви што сме“ - заклучува Ем.

Ова е краткиот филм кој секоја жена мора да го погледне:

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Темни дамки, подочници, несовршености - Славни дами кои покажаа како изгледаат без грам шминка (фото... Навикнати сме да ги гледаме познатите дами со шминка, беспрекорен тен, совршени ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава