Нова техника за шминкање: „Печење“ на лицето

Добро запознаени сте со контурирањето и стробингот, но дали ја познавате и техниката на „печење“ на вашата шминка?

tehnika-na-shminkanje-01.jpg

Терминот веќе некое време се употребува по YouTube видеата и има за цел да означи процес на нанесување на проѕирен прав за финиширање на шминката. Правта ја нанесувате и ја оставате да отстои 10 минути и од топлината на вашето лице основата и коректорот убаво се впиваат.

Потоа правот го четкате од лицето и добивате природен и беспрекорен финиш.

По овој процес вашето лице изгледа посвежо и темните подочници исчезнуваат.

Овој ефект можете да го постигнете во неколку чекори:


1. Хидрирајте ја областа околу очите

Многу е важно како за почеток да нанесете крем за очи кој ќе ја хидрира и освежи вашата кожа.


2. Нанесете дебел слој на коректор под очите

Коректорите често знаат да бидат мрсни и да остават таков изглед и на вашето лице, но доколку правилно го нанесете ќе го избегнете непосакуваниот изглед. Нанесувајте го почнувајќи од внатрешните агли на очите кон слепоочниците и убаво размачкајте го со сунѓер.


3. Нанесете втор слој на коректор

Можеби самата идеја ви звучи како да нанесувате премногу шминка и тоа е точно, па доколку не сакате не мора да биде нанесен вториот слој. Во секој случај доколку сакате да го добиете изгледот на Ким Кардашијан, потребен ќе ви биде и овој слој.


4. Нанесете малку проѕирен прав

Со дебела четка нанесете мал слој од правот за да дадете основа на натамошното осветлување и истакнување на образите.


5. Започнете со „печење“ на шминката

На сунѓер нанесете спреј за фиксирање и потоа на него нанесете ја проѕирната прав. Со благо тапкање слојот прав нанесете го на лицето и оставете го малку да постои.


6. Отстранете го вишокот прав

Со широката четка која ја употребувавте и во 4-от чекор, започнете со нежно отстранување на правот.

Погледнете го видеото и инспирирајте се за вашиот нов начин на шминкање по рецептот на Ким Кардашијан и нејзиниот стилист.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава