Заборавете на пеглата: Вотка и банана за исправување на косата

Трајното исправување на косата со хемикалии или секојдневното користење на пегла може сериозно да ви го оштети влакното и изгледот.

zaboravete-na-peglata-votka-i-banana-za-ispravuvanje-na-kosata-01.jpg

Ист ефект имаат и неколку домашни третмани за кои сигурно досега не сте слушнале, а ќе сакате да ги пробате уште денес.

Вотка

Славната манекенка Ева Херцигова призна дека користи вотка за осветлување на косата, но таа е подеднакво добра и за нејзино исправување. Доволно е да помешате неколку капки вотка во регенераторот и да нанесете после бањање. Ниската pH вредност ќе го исправи влакното. Сепак, не се препорачува пречесто користење на оваа маска.


Кокосово масло

Ова е најсоодветното решение за благо витканата коса, а доволно е да го нанесете на влажна коса. Потоа расчешлајте и исушете.


Целер

Во блендер измешајте 1 целер и додадете малку вода. Добиената смеса ставете ја во шише со распрскувач и нанесувајте на косата. Оставете да делува 20 минути, па измијте со шампон.


Банана и папаја

Со помош на овие две тропски овошки најлесно ќе ја испеглате косата. Најдобро е да измешате една зрела банана, малку папаја и 2 лажици мед и да ја оставите маската да делува 1 час. Откако целосно ќе се исуши, треба да измиете со шампон и да исфенирате.

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава