Секоја дама треба да ги знае: 5 трикови со кои ќе ги избришете брчките на лицето

Правилната нега и добрата и здрава исхрана прават чуда за изгледот на кожата на долг рок, но што кога сакате да изгледате помладо и посвежо во најкраток можен рок?

sekoja-dama-treba-da-gi-znae-5-trikovi-so-koi-kje-kje-gi-izbrishete-brckite-na-liceto-01

Не ви се потребни пластични операции ниту пак многу време за да се ослободите од борите и брчките.

Ова се неколку едноставни трикови со кои можете да се ослободите од брчките:


1. Нанесете прајмер

Прајмерот под пудрата е секогаш добра идеја посебно благодарение на „свиленкастата“ текстура. Тој не само што ја изедначува кожата, туку и ги прикрива брчките на лицето. Со само една минута добивате помлад лик.


2. Намалете ја употребата на пудрата

Како што стареете, така сè поважно е да намалите и на количината на нанесена пудра на лицето. Пудрата ги нагласува недостатоците на лицето и токму затоа најдобро е да ја замените со BB крем, а само на масните делови на лицето да нанесете транспарентна пудра.


3. Внимавајте на подрачјето околу очите

Ако посакувате да изгледате 10 години помладо, најдобро е да внимавате на тоа како изгледа кожата под вашите очи. Брчките околу очите најчесто настануваат како резултат на дехидрацијата на кожата околу очите.

Постојано нанесувајте хидратантна крема. Избегнувајте нанесување на пудра на овој дел од лицето и коректорот кој го употребувате, внимавајте да биде кремаст.


4. Висок коњски реп

Овој едноставен трик секогаш ја подига вашата кожа на лицето и доведува до инстантно „отстранување“ на брчките.


5. Играјте со хајлајтерот

Ако научите правилно да го употребувате хајлајтерот, тој ќе стане вашиот најблизок пријател. Нанесувајте го под образите и на подрачјето над јаболчниците.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава