6 најголеми грешки кои ги правите при чистење на лицето

Понекогаш едноставно се брзате и се одлучувате шминката да ја извадите со влажни марамчиња или пак воопшто да не ја избришете и така да преспиете, а следното утро да го поминете лицето со жешка вода која ја суши кожата.

6-najgolemi-greshki-koi-gi-pravite-pri-cistenje-na-liceto-01.jpg

Ова се 6 работи кои не треба да ги правите ако сакате здрав и младешки изглед на лицето:


1. Претерувате со миење

Почестото миење на лицето може да предизвика стареење на кожата. Не го правете тоа повеќе од двапати дневно.


2. Употребувате грубо средство за миење

Сапунот предизвикува иритација на кожата, бидејќи целосно ги отстранува мастите од кожата. Најдобро е да употребувате гел за чистење на лице, посебно ако имате нежна кожа.

Барајте гелови кои имаат смирувачки состојки како зелен чај, а ако имате масна кожа гелови кои содржат салицилна киселина.


3. Или премногу ја ексфолирате кожата или тоа воопшто не го правите

Употребата на ексфолиатор може да ја подобри текстурата на кожата и да ја тонира, но како што не треба да претерувате со миење на лицето, така не треба да претерувате и со ексфолиација.

Најдобро е тоа да го правите навечер пред спиење, бидејќи кожата тогаш влегува во „мод на обновување и регенерирање“ и секако не повеќе од двапати неделно инаку голема е веројатноста да ја иритирате кожата.


4. Не ја отстранувате шминката пред спиење

Дефинитивно едно од поголемите искушенија е кога сте преморени да заспиете со шминката на лице, но тоа може да го да влијае на изгледот на кожата на лицето дури две недели, бидејќи порите целосно ви се затвараат и себумот не може нормално да циркулира.


5. Ја миете кожата со претопла вода

Ова посебно важно е во зима кога кожата е поподложна на сушење. Прекумерно топлата или жешката вода може да ја исуши кожата, па најдобро е да употребувате млака или ладна вода.


6. Претерувате со употреба на влажни марамичиња

Влажните марамчиња се прилично едноставни за бришење на шминката од лицето посебно кога се брзате и имате малку време на располагање, но со нив не смеете да го замените за стандардниот тоник за бришење на шминката.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава