Безболна депилација со само неколку совети

Депилирањето претставува процес кој знае да ни предизвика голема болка, посебно кога станува збор за интимните делови. За среќа, постојат неколку работи кои можете да ги практикувате пред да одите на депилација.

Bezbolna-depilacija-so-samo-nekolku-soveti-01.jpg

За полесно да ја поднесете депилацијата со восок, ви предлагаме неколку совети:

Прво и основно, добро распрашајте се за салонот каде сакате да одите на депилација, многу е важна хигиената во салонот.

Потоа распрашајте се кои производи ги користат, како ја подготвуваат кожата за депилација, колку трае постапката и што користат за смирување на кожата по третманот.

Анестетската крема пред депилација може да ја намали болката и важно е производите за депилација да бидат што поприродни.

Потоа, трудете се да не одите на депилација неколку дена пред да ви дојде месечниот циклус. Тогаш депилацијата повеќе ќе ве боли, иако ова правило не е кај сите жени исто.

Bezbolna-depilacija-so-samo-nekolku-soveti-02.jpg

Помалку ќе ве боли и ако пиете повеќе вода пред депилација па телото ќе биде хидрирано.

Ако ја негувате кожата однадвор и пиете доволно вода, влакната полесно ќе се извадат.

За разлика од водата, алкохолот не е добредојден. Ако си мислевте дека една чашка може да ве опушти - не е така! Докажано е дека порите се затвараат кога пиеме алкохол, а со тоа ќе го отежнете процесот.

Ноќ пред депилацијата задолжително направете пилинг. Со тоа ќе ги отстраните мртвите ќелии и нечистотии.

Со сите овие совет депилацијата ќе оди многу полесно.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава