Предолга коса, стара облека, светликави сенки за очи: Грешки кои прават да изгледате постари

15-greshki-so-koi-izgledate-postaro-1.jpg

8. Не носите ремен

Ако носите широка облека која не ласка на вашата фигура, тогаш најдобро е да се одлучите за носење на ремен кој визуелно создава струк и прави вашата фигура да изгледа како витка.


9. Темен кармин за усни

Темниот кармин за усни прави да изгледате постари, па добро е да одбирате кармин со месо боја и пред да го нанесете, усните да ги исцртате со моливче за усни.


10. Премногу пудра

Ако нанесете поголема количина на пудра на лицето, нема да ги прикриете брчките, напротив, можете само дополнително да ги истакнете.


11. Претерувате со руменилото

Некогаш темните руменила биле „ин“, но истото не важи и денес. Нагласеното руменило не само што не е пожелно, туку прави и да изгледате постари. Доволно е малку да нанесете бронзер.


12. Светликави сенки за очи

Жените кои сакаат да изгледаат помлади најдобро е да избегнуваат светликави сенки или сенки со бои кои се прелеваат. Овие сенки ја рефлектираат светлината повеќе и ги нагласуваат брчките.


13. Нанесувате крема за лице која не одговара на вашата кожа

Кожата со годините се суши, па важно е каква крема за лице ќе употребувате. Лицето треба да го третирате со лесни формули кои не ги затвораат порите и му овозможуваат на лицето слободно да дише.


14. Силни бои

Одлучете се за облека која има неутрални бои, а ако веќе сакате да носите некоја силна боја, можете, со неа можете да ја надополните секојдневната облека како мал несекојдневен детаљ. На пример, облеката која ви е во месо боја можете да ја комбинирате со црвена чанта.


15. Злоупотреба на очите

Кожата околу очите е изразено нежна и чувствителна, а токму со тој предел жените се најгруби. Нанесувајте специјални препарати кои се наменети за очите, секојдневно бришете ја шминката и на сигурен пат сте за помалку брчки.



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
Долга коса, светки на кожа – 10 трендови за убавина од Мет гала 2026 кои ќе доминираат насекаде Екстремно долгите коси се враќаат во мода, но и лабаво фатените опавчиња наместо...

Најчитани неделава