Има 7 облици на гради и соодветни градници за нив - Каков облик имаат вашите?

Компанијата за долна облека Third Love тврди дека има 7 различни облици на гради и дека обликот е многу поважен при изборот на градник, отколку големината.

ima-7-oblici-na-gradi-i-soodvetni-gradnici-za-niv-kakov-oblik-imaat-vasite-1.jpg

Дизајнерите на овој бренд ги поделија женските гради во следниве 7 категории:

1. Округли

Ако вашите гради се округли и речиси подеднакво полни во горниот и долниот дел, тогаш сте среќнички на кои не им треба многу голема потпора.

Можете да одберете тенок градник без жици, затоа што немате потреба да ја менувате позицијата на градите.

ima-7-oblici-na-gradi-i-soodvetni-gradnici-za-niv-kakov-oblik-imaat-vasite-02.jpg


2. Исток - Запад

Ако имате мали гради кои се раздвоени, тогаш сте Исток-Запад. Уште еден знак дека припаѓате во оваа категорија се брадавиците кои се свртени нанадвор.

Спортските градници или меките градници како маички ќе ви помогнат да ја подобрите силуетата и да ги „споите“ градите.

ima-7-oblici-na-gradi-i-soodvetni-gradnici-za-niv-kakov-oblik-imaat-vasite-03.jpg


3. Странично поставени

Странично поставените гради се пополни отколку претходните, но сепак има простор помеѓу нив.

Идеален градник е оној кој има голем простор кај деколтето, односно нема длабоки корпи кои ја допираат градната коска.

ima-7-oblici-na-gradi-i-soodvetni-gradnici-za-niv-kakov-oblik-imaat-vasite-04.jpg

4. Издолжени

Градите кои се помали во горниот дел, отколку во долниот обично се сметаат за издолжени. Тоа ќе го сфатите кога ќе ги погледнете странично.

И на овој тип гради одговара претходниот градник, со отворен простор кај деколтето. Добредојдени се и потпунките како дополнителна потпора.


5. Облик на ѕвонче

Ако градите ви се „празни“ во горниот дел, а полни во долниот, тогаш го имате овој облик.

Би требало да избегнувате градници кои имаат сиромашна потпора, а наместо нив да одберете градници кои доволно покриваат. Градниците кои визуелно ќе ви го подигнат деколтето исто така се добредојдени.

ima-7-oblici-na-gradi-i-soodvetni-gradnici-za-niv-kakov-oblik-imaat-vasite-05.jpg


6. Асиметрични

Речиси сите жени имаат една поголема града, но тоа е едвај забележливо. Сепак, ако се соочувате со проблем да не можете да одберете градник кој идентично им прилега на двете гради, тогаш спаѓате во групата на асиметрични.

За вас идеален е градникот со потпунки кои се вадат. Така едната ќе можете да ја оставите, а другата да ја извадите, доколку разликата на градите е голема.

ima-7-oblici-na-gradi-i-soodvetni-gradnici-za-niv-kakov-oblik-imaat-vasite-06.jpg


7. Во облик на капки

Ако имате округли гради кои се за малку пополни во долниот дел отколку во горниот, немате за што да се грижите.

Ви одговара секој тип на градник и треба да се грижите само за големината, ако им верувате на експертите.

Можете да облечете пушап за посебни прилики, а за во секојдневието потпрете се на градникот со меки жици и без многу материјал во средишниот дел.

ima-7-oblici-na-gradi-i-soodvetni-gradnici-za-niv-kakov-oblik-imaat-vasite-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ситници во изгледот што жените ги занемаруваат и им даваат неуреден изглед Вчерашна фризура, испукани усни и торба за пазарење наместо чанта – некои ситниц...
Како да познаете дали продуктите за убавина се безбедни за користење или им поминал рокот? Ако не сте сигурни кога сте отвориле некој продукт за убавина, обрнете внимание ...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...
Едноставно, а модерно - Фризури за секој ден кои ќе бидат тренди во 2024-та Ако ви здодеа да носите само пуштена коса или да ја врзувате во обично опавче, т...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...
13 фото-докази дека и светските ѕвезди немаат совршено лице и тело (и не се срамат од тоа) Актерката Рејчел Мек Адамс нема рамен стомак, но не се ни труди да го вовлече за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg