20 трикови со кои секогаш ќе имате долги и густи трепки

Покрај многубројните дилеми и одлуки за разубавување, одбирањето на маскарата е една од главните кои редовно ја има секоја жена.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-001.jpg

Колку пати и да купите „совршена маскара“ која ги витка, издолжува и згуснува трепките со само еден потег, сепак не сте задоволни од резултатот.

Што ако ви кажеме дека ниту една маскара на светот не е доволно добра, ако не ги знаете и практикувате овие 20 трикови.

Тајната е во нив, а не во четкичката:

1. Подвиткајте ја четката под агол од 90 степени за полесно да поминете низ трепките.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-01.jpg


2.
Избришете го вишокот маскара од четката пред да ја нанесете за да ги избегнете грутките.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-02.jpg


3.
Дополнително извиткајте и згуснете ги трепките така што на коренот ќе направите хоризонтални движења на лево и десно, па потоа ќе повлечете нагоре.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-03.gif


4.
Слоевито нанесувајте ја маскарата - прво обична, па потоа водоотпорна. Така полесно ќе ја отстраните на крајот од денот.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-04.jpg


5.
Поминете ги трепките со маскара и од горната страна ако сакате подобар ефект.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-05.jpg


6.
За горните трепки четката држете ја хоризонтално, а за долните вертикално ако сакате поприроден изглед.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-06.jpg


7.
Потопете ја густата маскара во топла вода, но претходно задолжително треба да е цврсто затворена. На овој начин ќе ја направите потечна и полесна за нанесување.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-07.jpg


8.
Користете лажичка за да се заштитите од црни дамки додека донесувате маскара на долните трепки.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-08.jpg


9.
Користете ја маскарата и како течен туш за подолготраен ефект.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-09.jpg


10.
Со четкичка нанесете бебешка пудра на трепките помеѓу првиот и вториот слој маскара.

20-trikovi-so-koi-sekogas-ke-imate-gusti-i-dolgi-trepki-10.jpg

Уште 10 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...
Ретинол - магична состојка која отстранува брчки: Како се користи и кој треба да ja избегнува? Ретинолот за лице е состојка која ветува - го забавува стареењето на кожата, ги ...
7 совети за ноктите да ви растат побрзо и да бидат здрави Кокосово масло, сок од лимон, проѕирен лак за зацврстување - како најлесно да ги...
Чекор по чекор упатства: Како сами да се потстрижите + да си направите фризури? Како најлесно сами да си ги потстрижите шишките, а да не се каете за тоа? И знае...
Маска за лице и уште 3 едноставни рецепти со талог од кафе за убава кожа Кафето е омилен пијалак во кој уживаат милиони луѓе ширум светот, познато е по с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg