Како да ги одберете совршените очила за сонце според обликот на лицето?

Пред почетокот на топлите и сончеви денови, време е да се замислите на тема очила за сонце.

kako-da-gi-odberete-sovrsenite-ocila-za-sonce-sprored-oblikot-na-liceto-01.jpg

Сигурно имате еден пар во кој сте вљубени од пред неколку сезони и уште 2-3 кои ги носите повремено, но дали сите тие се совршени за вашиот лик или само ги следат моменталните трендови?

Време е да вложите во квалитетен пар кој ќе го одберете врз обликот на лицето. Така никогаш нема да погрешите и секогаш ќе бидете во тренд.

Округло лице

Спротивставете се на овалното лице со геометриски разиграни очила. Правоаголните рамки ќе ви помогнат да го издолжите лицето, додека мачкестите очи ќе ги заострат цртите.

kako-da-gi-odberete-sovrsenite-ocila-za-sonce-sprored-oblikot-na-liceto-02.jpg


Квадратно лице

Спротивно од дамите со овално лице, вие треба да одбирате заоблени рамки. Може да експериментирате со мачкести очи, но само ако продолжуваат со заоблен долен дел. Авијаторките се уште еден добар избор.

kako-da-gi-odberete-sovrsenite-ocila-za-sonce-sprored-oblikot-na-liceto-03.jpg


Срцевидно лице

Кај овој облик на лице важно е акцентот да се стави на долниот дел од очилата, каде рамките може да бидат подебели и поизразени од горниот дел. Авијаторките и во овој случај се добра опција која ќе контрира на срцевидниот облик.

kako-da-gi-odberete-sovrsenite-ocila-za-sonce-sprored-oblikot-na-liceto-04.jpg


Издолжено лице

Среќни сте, затоа што имате најголем избор. Можете да носите округли, правоаголни или мачкести очила, без да се двоумите дали ќе ви прилегаат. Ако имате остри црти на лицето, добро би ви дошле округлите модели со впечатливи рамки.

kako-da-gi-odberete-sovrsenite-ocila-za-sonce-sprored-oblikot-na-liceto-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 најчести грешки кои ги правиме при секојдневната грижа на телото Дали се сеќавате кога последен пат сте го избришале папокот по туширање или сте ...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
Предлог маникири кои визуелно ги издолжуваат прстите (дури и со пократки нокти) Додека темните лакови можат да направат прстите да изгледаат пократки, неутрални...
„Испробав 5 популарни трикови за исполнети усни без филери – што функционира, а што не?“ „Беше тешко да ја чувам мешавината од чили во прав и маслиново масло на усните о...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg