Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


70% помалку влакна по два третмани со Philips Lumea Prestige! Резултати од нашето тестирање (фото)

70-procenti-pomalku-vlakna-po-dva-tretmani-so-philips-lumea-prestige-rezultati-od-naseto-testiranje-foto-001.jpg

Пролет е – нели е ова доволно за да го почнете утрото насмеани?

Не знам за вас, ама јас полека си го полнам плакарот со пролетна гардероба.

Уште и ако ви кажам дека си резервирав одмор на море на почеток на месец мај...

Доволно причини за едвај да чекам да го направам третиот третман со фотоепилаторот Philips Lumea Prestige…нели? :-)

За оние кои сега се вклучуваат во моето тестирање на овој уред за домашна употреба, на кратко станува збор за фотоепилаторот Philips Lumea Prestige. Уред кој работи со IPL технологија (интензивна пулсирачка светлина) за комплетно безболно отстранување на влакната!

Моето прво искуство помина супер и покрај тоа што немав очекувања како баш ќе изгледа целиот процес, а второто веќе беше вистинско задоволство.

70-procenti-pomalku-vlakna-po-dva-tretmani-so-philips-lumea-prestige-rezultati-od-naseto-testiranje-foto-2.jpg

Едно е сигурно – деновиве сум супер среќна и возбудена и скромно кажано може да ми позавидите, но тргнувам од тоа дека само после 2 третмани речиси и да немам влакна! Едвај чекам да видам како ќе изгледа после третиот и четвртиот третман!

Не сум била на козметичар веќе месец и пол, влакната ги третирам со Philips Lumea Prestige и моменталната ситуација е следнава:

1. Влакната на нозете се проретчени за по моја проценка 70%!

Воодушевена сум! Особено што следуваат топли денови, шанса да се разголат нозете и да се ужива на сонцето секој ден, без да се замарам дали сум била издепилирана или избричена! Ги поминав нозете на брзинка, онаму каде што има влакна на јачина 5. Двете нозе за 15 минути со лизгање на Lumea-та.

Резултатите се и повеќе од видливи, во прилог фотка од моите нозе (сметав дека најпригодно е да ви ја прикажам оваа промена, затоа што особено многу ме радува!) :-)

Тадааааам:

Пред првиот третман со Philips Lumea Prestige         Моментална состојба после 4 седмици и 2 третмани

70-procenti-pomalku-vlakna-po-dva-tretmani-so-philips-lumea-prestige-rezultati-od-naseto-testiranje-foto-3.jpg

2. На пазувите кожата е мазна како на бебе! Земајќи го предвид фактот дека претходно ги бричев секој втор ден, сега веќе 10 дена ги немам бричено (незамисливо нели?!) Што е сигурно, сигурно е, ги поминав со јачина 4ка – минутка работа!

3. Рацете и не ми беа многу влакнести, но сега буквално тешко и да се забележува некое останато влакно, кое е помеко, а кожата е мазна. Имајте предвид дека често кога немам време да одам на депилација, знам и да ги избричам рацете така што сега ќе ја немам и оваа обврска. И рацете, како нозете, ги поминав на 5ка, овој пат многу побрзо – за 5 минути.

4. Препоните се проретчени, меѓутоа заради цврстината на влакната овој третман го направив на јачина 4ка, и очекувам веќе следниот третман да ја постигнам вистинската проретченост и на овие влакна.

Вкупно, третиов третман не ми одзеде повеќе од  25-30 минути!

Се прашувам како не постоеше вакво нешто пред 10 години уште тогаш да си ги скратев маките и да заштедев време и пари на депилации...(имам 29 години) :-)


Најчесто поставувано прашање
од читателите и моите пријателки – цената и исплатливоста на Philips Lumea:

Распрашувајќи се по козметичките салони и естетски ординации (поквалитетните, не би отишла на непроверено и небезбедно место), цената за трајна фотоепилација, за третман (а, зависно од влакната и кожата потребни ви се од 3 до 6 третмани) се движат околу: 100 евра за бикини зоната, 300 евра за цели нозе, 100 евра за пазуви. Генерално цените варираат, но би ве чинело ориентационо – околу 400-500 евра.

За следните третмани цената може и да е пониска и по договор со клиентот, но оквирно трошокот е минимум тој.

Со Philips Lumea, овој третман си го правите дома, сами!


Чисто за споредба на цената:

Philips Lumea може да се купи во маркетите на Нептун  по цена од 15.599 денари (260 евра), односно 30.999 денари (505 евра) за моделот Prestige (со додатоци за бикини зоната и лице).

Она што сметам дека е супер можност во моментов, е акцијата која почна пред неколку дена, за купување на Lumea на 36 рати, без камата, што би дошло рата 433 денари месечно, односно за моделот Prestige, 861 денари месечно! Повеќе информации за промоцијата можете да најдете на овој линк.

Базирано на моето искуство со производот, и резултатот кој е видлив после 2 употреби на истиот, сметам дека навистина вреди и е одлична зделка и можност која би ја искористила.

Се читаме за 2 седмици, со нови импресии после третиот третман :-)

70-procenti-pomalku-vlakna-po-dva-tretmani-so-philips-lumea-prestige-rezultati-od-naseto-testiranje-foto-4.jpg

Би можело да ве интересира:

9 идеи за маникир со кои сите ќе ги забележат вашите нокти Маникир со „стаклен“ ефект“, нокти со златни украси или во бисерно бела нијанса ...
Лекува егзема и габички - Зошто водата со оцет е корисна за стапалата? Мирисот на испотените стапала најчесто произлегува од комбинација на пот и бакте...
Предлози за разиграни нокти за лето 2024 Колку повпечатливо и пошарено, толку подобро... Дали и вие го имате овој став ко...
Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Застарени модни правила за повозрасни жени кои е време да ги заборавиме Задолжително фарбање на седата коса, само светли кармини – ова се правила кои не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg