6 варијанти на боб фризура кои се хит периодов (и подмладуваат)
Рамен боб со патец на страна или француски боб ако сакате да експериментирате.

2026-та ќе биде година на кратките фризури, а најмногу се истакнуваат разните варијанти на популарниот боб.
Со шишки, со патец на страна, со локни – нема да погрешите со ниту една верзија.
Боб фризурата не само што е хит периодов, туку ќе ви стои добро без разлика на возраста, а може и да ве подмлади.
Шест варијации на боб кои се хит периодов:
Брановидна коса со патец на страна
Ако класичната боб фризура е премногу кратка за вас, тогаш потстрижете ја косата приближно до рамената.
Оваа должина во комбинација со големи локни и патец настрана ќе ѝ даде волумен на косата и ќе ве подмлади.
Боб со шишки „завеса“
Таканаречените curtain bangs се популарни и годинава, а изгледаат навистина добро со боб фризура.
Рамен боб со патец на страна
Рамната боб фризура веќе е класика и делува мошне елегантно.
Со патецот настрана, пак, косата добива повеќе волумен.
Француски боб
Ако сакате да експериментирате, тогаш пробајте го таканаречениот француски боб со должина до брадата.
Ова е можеби најпопуларната варијанта периодов, а можете да го носите и со шишки.
Геометриски прецизен боб
Оваа варијанта се одликува со рамни врвови, како и патец на средината, што ѝ дава геометриска прецизност на фризурата.
Изгледа навистина модерно и е идеална фризура за потенка коса.
Долг боб со патец на средина
Долгиот боб е фризура што изгледа добро на буквално секакво лице.
Можете да го искомбинирате со подолги шишки, а изгледа добро и на брановидна коса.
Спирова С. | Црнобело