Домашна маска од аспирин за сјајна коса како од салон

Денес жените имаат на располагање огромна палета производи за нега и одржување на косата. Но и покрај тоа тие не престануваат да изнаоѓаат начини за разубавување на истата.

Povratete-go-sjajot-i-volumenot-na-mrsnata-kosa-so-pomos-na-aspirin-01

Една од несекојдневните употреби на аспиринот е токму за подобрување на изгледот на косата.

Тој може да го отстрани претераното мрсење на косата и да ја направи мека и сјајна. Кај многу жени третманот со аспирин помогнал дури и за отстранување на проблемот со првутот.

Аспиринот можеме да го сместиме во групата на производи со брзо дејство бидејќи тој не дејствува врз коренот на косата па да му треба време да стигне дотаму, туку само врз влакното.

Можете да го користите така што ќе да додадете 4-5 таблети аспирин (андол), кои ситно ќе ги искршите, во маската за коса.

Сепак наједноставниот начин е да иситните 2-3 таблети и да ги измешате со потребната количина шампон. Нанесете ја оваа смеса на косата и оставете да делува 2-3 минути пред да ја измиете.

Голем број од познатите личности како Џенифер Анистон воопшто не кријат дека го користат овој трик за одржување на косата.

Најдобриот начин за користење на овој третман е еднаш неделно.

Важно е да се знае дека аспиринот претставува ацетилсалицилна киселина и не се препорачува кај луѓе кои имаат сува, тенка и оштетена коса.

M. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Трендови за маникир кои веќе се застарени + 6 нови што ќе ги гледаме насекаде Додека светкавиот маникир делува нападно и застарено, суптилните дезени со светк...
Идеи за маникир со кои ќе оставите впечаток во април 2026 - Што е модерно, а што демоде? Класичниот француски маникир заменете го со француски маникир со животински моти...
Црвен лак за силен впечаток оваа пролет - Како да го комбинирате со бои и шари? Наместо еднобојни црвени нокти, експертите за маникир сезонава препорачуваат ком...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава