10 овошја кои ѝ даваат природен сјај на кожата

Сите знаеме дека овошјата позитивно влијаат на здравјето, но здравјето најмногу се покажува на кожата.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-001.jpg

Постојат 10 овошја кои на кожата ѝ даваат природен сјај каков не можете да постигнете ниту со најскапата пудра и хајлајтер.

1. Боровинки

Познати се како суперхрана која е богата со антиоксиданси, влакна и витамини А и Ц.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-1.jpg

2. Јаболка

Со високото ниво на колаген кое го содржат, јаболката ја подобруваат еластичноста на кожата и ја одржуваат млада и здрава.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-2.jpg

3. Лубеница

Слаткото освежување кое содржи 90% вода, ја хидрира вашата кожа подобро од било која крема.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-3.jpg

4. Банани

Бананите се богати со минерали кои ја одржуваат влажноста на кожата, посебно со калиум. Сувата кожа обично е знак дека ви недостасува калиум.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-4.jpg

5. Ананас

Ананасите се единственото овошје кое содржи бромелаин, ензим кој се бори против црвенилото, воспалението и отоците на кожата.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-5.jpg

6. Јагоди

Елагичната киселина која ја имаат овие мали црвени слатки плодови, успешно се бори против штетните УВ зраци и брчките.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-6.jpg

7. Папаја

Папајата е овошје богато со витамин А и ензими кои и помагаат на кожата да се ослободи од мртвите клетки.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-7.jpg

8. Киви

Официјално кивито е овошјето кое има најмногу витамин Ц, кој и дава на кожата енергија и сјај.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-8.jpg

9. Калинка

Исто како и боровинките, така и калинката е суперхрана која е богата со состојки кои го забавуваат стареењето на кожата со тоа што го поттикнуваат нејзиното регенерирање.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-9.jpg

10. Цреши

Богати со антиоксиданси, успешно се борат со слободните радикали и го забавуваат процесот на стареење.

10-ovosja-koi-i-davaat-priroden-sjaj-na-kozata-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Шест знаци дека вашата кожа е „истрошена“ и оштетена (и како да ја вратите во нормала) Ако забележувате нерамномерна текстура на кожата или црвенило, па и пецкање, тог...
Дречливи бои, лак со текстура - Топ 7 идеи за педикир за пролет-лето 2026 Наскоро ќе почне сезоната на сандали и одење на плажа, кога вашите прсти на нозе...
Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на мест...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...

Најчитани неделава