Кога не ви се пали пегла: Домашна маска за исправување на косата

Жените кои немаат природно права коса се најдобри пријателки со пеглата. Но, во лето тешко е да го одржите тоа „пријателство“.

koga-ne-vi-se-pali-pegla-domasna-maska-za-ispravuvanje-na-kosata-01.jpg

Кога надвор е +40 степени, а вие треба да присуствувате на некој важен настан, не знаете што да правите со косата. Пеглата не доаѓа во обѕир, но затоа постои решение кое нема да ве изнамачи.

Потребно ви е:

  • 1 шолја кокосово млеко
  • Сок од 1 лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 лажици пченкарен скроб

Измешајте го пченкарниот скроб и сокот од лимон, за да добиете хомогена смеса. Во друг сад измешајте го млекото со маслиновото масло, па додајте ја мешавината од скроб и лимон. Загревајте и мешајте додека не добиете кремаста смеса.

Маската оставете ја да се олади, па нанесете ја на косата и покријте ја со капа за туширање и топол пешкир.

После 2 часа измијте на вообичаен начин.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава