Бои на кармини кои ги прават вашите заби побели

Можеби сте забележале дека ултра популарната летна боја на кармин – корално црвената, всушност не ѝ ласка на нашата блескава насмевка. А, зошто е тоа така, едноставно е објаснето преку правилата на комплементарни бои.

boi-na-karmini-koi-gi-pravat-nasite-zabi-pobeli-001.jpg

Сината и портокаловата т.е. жолтата, стојат токму една спроти друга во спектарот од бои. Со оглед дека спротивностите се привлекуваат, сините тонови во кармините ги поништуваат жолтеникавите тонови на нашите заби.

А, ова се неколку трикови со кои ќе ги избегнете ужасните нијанси на кармин или пак ќе ги изберете оние што ја разубавуваат вашата насмевка:

1. Изберете го вистинскиот кармин за себе

Не е залудно кажано дека за да носите црвен кармин потребна е храброст. Тоа е така затоа што тој може да му стои на секому ако се избере правилната нијанса во однос на тенот. Само тогаш овој најженствен кармин ќе ги истакне сите ваши атрибути и ќе ги направи вашите заби побели.

Ако имате блед тен, одберете црвен кармин со боја на вишна со сини подтонови и вашата насмевка ќе заблеска.

Оние со потемен тен треба да одберат црвени нијанси со бои на вино или костен. Виолетовиот тон ќе направи чуда за белината на вашите заби.

2. Боја на малина за блескава насмевка

Розовата е обично понежна и посветла од црвената, па голем дел од времето таа не може да го даде истиот ефект како темните бои кои ги истакнуваат нашите заби. Но, ако се држиме до ладните тонови како што е бојата на малина, розовиот кармин може да создаде насмевка од милион долари. А, боите со корални и портокалови тонови треба да се избегнуваат.

3. Избегнувајте светло кафеави тонови

Светло кафеавите кармини никако не ѝ ласкаат на вашата насмевка. Така на пример бордо кармините со светло кафеава база ќе ги истакнат жолтите дамки на вашите заби. Наместо нив, ако имате посветол тен, држете се до боите на темни бобинки со син подтон како оние со нијанса на слива.

Жените со темен тен најдобро изгледаат со виолетови кармини. Таа нијанса добро стои скоро на сите типови, а нејзината сина база ги прави вашите заби да бидат посветли.

4. Обичниот сјај ви е најдобар пријател

Обичниот сјај ќе ги намокри вашите усни, а забите ќе бидат блескави. Мат кармините честопати го прават токму спротивното. Но, сјаевите со седефести тонови треба да бидет изгегнувани, бидејќи иако ги прават усните посветли, тие не ги осветлуваат нашите заби.

5. Кажете „не“ на неонските кармини

Неонските кармини ги истакнуваат вашите усни, но забите се во втор план. Кармините со светли флуоресцентни нијанси никако нема да ласкаат на вашата насмевка – баш напротив, може да ги направат забите да бидат потемни. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg