7 промени кои ќе ви се случат кога ќе престанете да се шминкате

Она што нè весели кога сме дома, покрај спиењето и гледањето на сите заостанати епизоди од омилената серија, е дефинитивно и лицето без шминка.

7-raboti-koi-kje-vi-se-slucat-koga-kje-prestanete-da-se-shminkate-01.jpg

Тогаш кога не мора да се грижите дали некаде ви се разлеала пудрата или дали ви се „извадила“ маскарата...

7 работи кои ќе ви се случат, ако се одлучите за „au naturel“ лице:

1. На почетокот ќе се чувствувате несигурно

Точно знаеме на што размислувате: Дали ќе изгледам уморно? Или ќе бидам помалку привлечна? Дали колегите и пријателите ќе ми коментираат од страна? Всушност, големи се шансите и никој да не забележи.

2. Можеби, ќе ви се намали нивото на стрес

Да бидеме реални, шминкањето знае да биде стресно. Дали пудрата е рамномерна? Дали цртите со тушот ми се еднакви и на двете очи? Ако решите да не носите шминка на лицето, ќе се ослободите од сите овие напорни прашања.

3. Кожата ќе ви стане поубава

Од пудри, до коректори и руменило - толку многу слоеви кои ги ставате на кожата. И да бидеме искрени, сигурно не ја бришете шминката секој ден, а тоа значи дека нечистотиите остануваат во порите.

4. Ќе изгледате помлади

Посебно ако се шминкате многу. Оние пеги и црвенилото на лицето кои упорно се обидувате да ги сокриете, ќе направат да изгледате помлади.

5. Ќе посветите повеќе внимание на негата на лицето

Ако се откажете од шмиката, тогаш ќе сакате кожата да ви изгледа што е можно подобро, зарем не? Серуми, маски, SPF - сите овие работи ќе ви станат новите омилени производи.

6. Повеќе ќе ја цените вашата коса

Времето кое го имате на располагање, сега ќе го користите и за нега на косата.

7. Можеби ќе сфатите дека немате потреба од шминка (или барем дека ви треба помалку)

Еднаш штом ќе почнете да се шминкате помалку, следното шминкање помалку ќе ви се допаѓа. Наместо течна пудра, сигурно ќе се одлучите само за коректор и тоа ќе ви биде сосема доволно... Наместо комплексно сенчење на очите, ќе ставите само маската...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава